Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Богдановиќ за Алфа: Релациите Македонија- Дубаи на Филиче ги демотивираат членството и симпатизарите на СДСМ

Наместо обединување, дополнителен раздор. Во опозициската СДСМ врие по признанието на нивниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Наместо обединување, дополнителен раздор. Во опозициската СДСМ врие по признанието на нивниот лидер Венко Филипче дека поседува златна виза за Емиратите – велат како може да се бори за СДСМ и Македонија, ако со мислите е во Дубаи? Целта му е д ја донесе партијата на власт, или само да го штити нелегално стекнатиот имот. Екс градоначалникот на Центар и поранешен висок функционер Саша Богдановиќ за Алфа вели дека многу случувањата во партијата, но и признанието за релациите Македонија- Дубаи не може да донесат ништо добро за СДСМ. 

-Ако се пробува тоа да се ескивира во јавноста изгледа навистина незгодно. И на крајот само се потврдува еден факт, тоа е дека луѓето кои што моментално се во раководството на СДСМ мора да сфатат дека такви работи не треба да се случуваат, бидејќи влеваат недоверба. Тие некои случувања на релација Македонија- Дубаи гледаме дека не влеваат волја и кај членството и кај симпатизерите и гласачите дека нешто ќе се промени, изјави Богдановиќ.

Дека однесувањето на Филипче директно удираат по довербата на граѓаните, но и самото членство потврдува и поранешната претседателка на граѓанската организација на СДСМ Скопје, Софија Куновска. Според неа, партиското раководство треба да одговори на многу прашања од своите членови.

Реклама

-Вееме е членството на партијата да ги постави вистинските прашања: Дали Венко го води СДСМ за да некогаш дојде на власт или партијата вака дизајнирана единствено служи за одбрана на нелегално стекнатиот имот во периодот 2017-2024? Со каков товар ќе влезат кандидатите на СДСМ на претстојните локални избори?, вели Куновска.

Како што е познато, Филипче прво демнатираше дека поседува ваква златна виза, но пред два дена призна, со објаснување дека не ја добил поради вложени пари, туку затоа што преговарал за работа со некоја болница. Не ја вратил, туку во моментов таа била на стенд бај. Ваквите лупинзи на Филипче, според Богдановиќ може да му создадат сериозен проблем на СДСМ на престојните локлани избори, пред се во однос на изборот на квалитетни кандидати за градоначалници.

-Тие треба да ги бранат овие напади, случувања како да ги наречам не само од сегашната власт, позиција, туку и од видни поранешни функционери, кои што општеството и во политичкото делување оставиле свој траг и белег, значи луѓе кои што ај да кажам им се слуша зборот, изјави Богдановиќ.

Според програмата на Обединетите Арапски Емирати златната виза за долгорочен престој главно добиваат странски државјани кои се подготвени да вложат минимум 280 илјади долари за виза од 5 години, или над 500 илјади долари за 10 годишна. Освен инвеститори виза миже да добијат и специјалисти, студенти и истражувачи, кои прават значители инвестиции во земјата. Но за таква виза, потребно е барање и препорака од Емиратското министерство, како и специјално писмо со препорака од Советот на научници или лично од Секретаријатот на Шеикот, со кое се потврдува дека личноста има добиено медал за Академска исклучителност.

Матеја Петровски