Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Средба на министерот Муцунски со македонската дијаспора во Шведска

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, денеска и утре престојува во дводневна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, денеска и утре престојува во дводневна работна посета на Кралството Шведска. Фокусот на првиот ден од посетата беше ставен на бројната македонска дијаспора – при што тој ја посети и присуствуваше на литургија во македонската православна црква „Св. Наум Охридски“, оствари средба со претставници на дијаспората и се сретна со македонски стопанственици кои работат и инвестираат во Шведска.

Посетата на црквата „Св. Наум Охридски“ во Малме и средбата со македонската заедница – како прв министер за надворешни работи кој присуствувал на утринска литургија во оваа црква – беа можност за разговор за нивните иницијативи, предизвици и очекувања. Се разговараше и за владините политики насочени кон унапредување на односите со дијаспората, а беше потврден значајниот придонес на македонската заедница во јакнењето на односите меѓу двете држави.

Во рамки на посетата, во шведскиот град Трелеборг, во организација на Обединетата Македонска Дијаспора, министерот Муцунски оствари средба со македонски стопанственици кои успешно делуваат во Шведска. Во фокусот на средбата беше потенцијалот и можностите за инвестирање во Република Северна Македонија, јакнењето на економската соработка и активната улога на дијаспората во економскиот развој на државата.

Реклама

Во текот на утрешниот ден, предвидено е министерот Муцунски да оствари повеќе политички средби на високо ниво, меѓу кои и средбата со министерката за надворешни работи на Шведска, Мариа Малмер Стенергрард.