Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Мицкоски го испрати Таравари во опозиција: Чесно и доблесно ќе беше да не ги влече за нос Владата и граѓаните

Арбен Таравари требаше да биде доблесен, а не да ги влече за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Арбен Таравари требаше да биде доблесен, а не да ги влече за нос Владата и граѓание, жалам што реши да се врати во прегратките на Али Ахмети. Ќе се видиме нареднава недела ќе му посакам среќа и добро здравје. Премиерот Христијан Мицкоски најави дека ќе оствари последна средба со министерот за здравство, по што тој заминува од Владата. Според него одлуката на Таравари да соработува со оние кои ја пустошеа Македонија е само негова и на неколкумина околу него, а не и на членството на Алијанса за Албанците.

-Јас можам само да му посакам среќа и се надевам дека ќе имаме една завршна средба во текот на следната недела на која што ќе сумираме што е тоа што е тоа што е направено и да му посакам пред се добро здравје, тоа е она што на сите нас ни е најважно. Можам да кажам дека најмалку од се што очекував е да се врати назад во прегратките на Али Ахмети и останатите, но тоа е сепак негова одлука и убеден сум одлука на малкумина и дека тоа е не одлука на членството на Алијанса за Албанците и на голем дел од луѓето кои што се дел од оваа Влада. Чесно беше и доблесно самиот тоа да го направи, да не ја влече Владата за нос и граѓаните, изјави Мицкоски.

Во јавноста постојат и дилеми дали петте пратеници од кои доаѓат од крилото на Таравари ќе ја поддржат неговата евентуална соработка со Ахмети. Веќе дека е против такво нешто кажа вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи, кој на Фејсбук напиша дека ДУИ треба да биде поразен во сите општини на локалните избори. Мицкоски вели што и да биде тоа нема да влијае врз стабилноста на Владата.

Реклама

-Владата е стабилна цврста, има силно мнозинство во Парламентот да продолжи со реформскиот процес, процесот на проекти, испорака за граѓаните, тоа што граѓаните го очекуваат од нас. Владата има близу две третини поддршка во Парламентот и Владата е посветена само на една работа, а тоа е проекти, реформи и одлучна борба против криминалците, корупцијата, за жал против на кои им се приклучува Таравари, изјави Мицкоски.

Додека се подготвува за соработката со Таравари, Ахмети испраќа закани дека ќе имало политички земјотрес доколку се чепнел законот за јазици и обвинение за големата трагедија во Кочани добие поранешниот министер за економија Крешник Бектеши. Според Мицкоски тоа што надлежните се справуваат со криминалите од претходните две децении, не е удар врз правата на Албанците.  

-Тоа е задирање и борба со криминалцит, се надевам дека тој не се идентификува со нив, а ако се идентификува со нив, тогаш и тој треба да чека еден тие што се борат против овие криминалци да му тропне на врата и нему. Затоа јас би го советувал да не се идентификува со луѓе за кои што постои основано сомневање дека сториле криминал. Впрочем истите оние обвинители и судии кои што беа бирани од мнозинството на СДСМ и ДУИ се истите оние кои што покренуваат обвиненија против поранешни високи функцери од ДУИ, изјави Мицкоски.

Таравари претходно кажа дека според неговото верување Алијанса за Албанците треба да биде во опозиција и да се обиде да ја направи трката колку што е можно подобра, да се организира преку штабови и ограноци и да се обиде да освои колку е можно повеќе.

Матеја Петровски