Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Прилози

Сo градски воз ќе се поврзат населбите во и околу Скопје, ова ќе значи и сериозен бизнус – инпут

Приградски населби во Скопје ќе се поврзат со градски воз до центарот…

Сподели:

Приградски населби во Скопје ќе се поврзат со градски воз до центарот на македонската метропола. Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во Министерството за танспорт во моментов се подготвува проект и план за изградсба на градски воз којшто ќе ги поврзе околните населби и села со центарот на градот. Почетна станица ќе биде сегашната Железничка станица. Оттука ќе тргнуваат возовите до приградските населби околу Скопје. Засега не се знае колку ќе чини проектот, но Мицкоски уверува дека се наоѓаат решенија за проблемите еден по еден. Начекавме уништена држава со потонат систем, но ги исполнуваме нашите ветувања – вели тој

Досега Македонија немаше ниту една карго локомотива. 1000 вагони беа закотвени кај Солун и пратките до Средна Европа не се испорачуваа преку земјава бидејќи немавме ниту една локомотива. Се бараа рути коишто ја избегнуваа Македoнија. Мицкоски вели дека наследил др        жава со приземјени авиони за гасење пожар, без патнички возови, локомотиви, неисплатени плати и со минус 200 милиони евра во буцетот.

Во Скопје одамна владее хаотичен јавен превоз. Во мандат на актуелната градоначалничка Данела Арсова, автобусите остануваа без гориво и се возеа неисправни. Граѓаните се жалеа дека долго време чекаат на постојките и тоа за градски линии. Со цел да се најде решение, Владата на почетокот на минатиот месец одллучи дека ќе купува 120 еко автобуси, од кои 80 ќе бидат дадени на ЈСП „Скопје“, а останатите 40 ќе бидат распределени по други градови. Набавката, ќе биде спроведена од Министерството за транспорт и врски.