Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Манасиевски: Филипче молчи на каков начин ја добил златната виза за Дубаи

24 часа Филипче молчи да одговори на каков начин ја добил златната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

24 часа Филипче молчи да одговори на каков начин ја добил златната виза за Дубаи. Филипче се крие и молчи, додека јавноста бара одговори за тоа како Филипче се стекнал со златна виза за Дубаи, која инаку се стекнува со инвестиции, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Дали молкот на Филипче е потврда на нашите тези кои повеќе од два месеци ги претставуваме во јавноста. По стапките на неговиот ментор Заев, Филипче еднаш негира, еднаш признава дека има златна виза. Човекот толку многу лаже, што веќе не знае што е вистина, а што е лага. А по наша проценка, се што кажува Филипче, лаже. Го прашуваме Филипче повторно, како ја добил златната виза? Која е приватната болница со која Филипче преговарал? Кога Филипче преговарал и која функција ја има извршувано? Дали станува збор за бизнис како неговиот ментор Заев и дали и Филипче има удел во бизнисите на Заев во Дубаи?  Исто така, Филипче да одговори од каде му се парите за бизнисите со Заев, бидејќи со државни примања, бизниси по Дубаи не се прават, вели тој.

„Манипулаторот и чиракот на Заев, Венко Филипче е прочитан. Филипче е човек без образ и срам. Тој нема кредибилитет да води партија, а камо ли нешто повеќе. Венко Филипче е продолжение на криминогениот Заев. Венко Филипче и СДСM се синоним за неспособност, криминал и корупција“, посочи Манасиевски.