Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Џабе наводно дистанцирање, СДСМ и ДУИ ќе соработуваат за локалните избори

Неуспешна глума и обид да се врати довербата кај граѓаните, беше наводното…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Неуспешна глума и обид да се врати довербата кај граѓаните, беше наводното јавно дистанцирање на СДСМ од корумпираната ДУИ. Според експертите провидните политички игри на Филипче и неговиот тим се прочиани и за кратко време  се очекува да се обединат во пресрет на локалните избори со цел да обезбедат глас повеќе. . Фактот што претседателот на опозициската СДСМ до сега ги критикуваше ДУИ, а сега ја омекна реториката и вели дека се спремни да разговараат со сите политички партии за соработка на изборите, само ја потврдува непринципиелната политика вели аналитичарот Љуљзим Фаризи. Според него, не е ни чудно ако се формира една коалиција помеѓу СДСМ, ДУИ, Левица и крилото на Арбен Таравари бидејќи само преку вакво обединување би можеле да добијат глас повеќе на своето заедничко конто.

Оваа непринципиелна политика која ја водат кон граѓаните, тие се тесно поврзани, соработуваа заедно 7 години и заедно се вклучени во сите тие теренски постапки, злоупотреби итн… и тоа кулминираше со гласот на народот на изборите. Сега купуваа време да добијат малку доверба и доаѓа време кога на локалните избори во вториот круг тие ќе соработуваат. Ова не е јавна тајна, знаеме како соработуваат како функционираат каналите помеѓу партиите. Јас очекувам една коалиција помеѓу ДУИ, Левица, СДСМ и Арбен Таравари. Тие немаат начин како поинаку да дојдат до власт освен ако се обединат. Али Ахмети пак ќе биде главен актер, и се очекува да настапат со една коалиција со Европскиот фронт бидејќи споделуваат исти вредности, а тоа секако би било предводено од Али Ахмети, вели аналитичарот Љуљзим Фаризи.

Очигледно СДСМ како без компас се лизга низ политички тобоган во обид да обезбеди успех на претстојните локални избори. Венко Филипче кој пред само некој месец целосно се огради од Ахмети, вчера најави дека вратите за соработка на локалните избори се отворени за сите, па дури и за нивните поранешни партнери, кои важат за една од најкорумпираните партии во државата. Директно прашан дали на престојните избори би колаицирал повторно со ДУИ, Филипче не се одрече до Ахмети, како пред тоа, туку рече дека биле подготвени да разговараат со сите политички партии

Реклама

Оваа изјава на Филипче, дојде по јавно изнесениот став на влијателната пратеничка Сања Лукаревска која рече дека јасно се огради од ДУИ заслужувале да останат длабока опозиција.

Но, не е само Лукаревска. И самиот Филипче во декември јавно призна дека неговата партија падна на изборите и заради поданичкиот однос кон ДУИ. Еден месец после оваа изјава, Филипче отиде и подалеку, нарекувајќи ја ДУИ за корумпирана, а нивните закани за опасни и неприфатливи.