Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Ристески: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ вложува во спортската инфраструктура

Членот на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Ристески, во своето гостување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Членот на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Ристески, во своето гостување во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува – УМС“, говореше на тема „Младите и спортот како стратегија за државен развој“. Тој ја истакна важноста на спортот како столб за градење здрави општествени вредности и развој на младите генерации.

„Спортот како постулат е единствено светло во тунелот каде што можат да се воспостават вистински и здрави вредности. Младите преку спорт не само што се развиваат како личности, туку стекнуваат и работни навики и дисциплина кои им помагаат низ целиот живот“, истакна Ристески.

Тој се осврна и на проблемите со кои се соочуваат младите спортисти, особено на полето на спортската инфраструктура, потенцирајќи дека лошите услови за тренинг се наследени од минатото.

Реклама

„Младите спортисти се соочуваат со сериозни инфраструктурни предизвици. Затоа Министерството за спорт постави јасен постулат и задача, изградба на квалитетна спортска инфраструктура каде што младите ќе имаат услови за правилен развој и напредок“, објаснува Ристески.

Тој додаде дека од формирањето на Министерството за спорт се вложуваат конкретни напори и поддршка за младите преку различни проекти и програми.

„Министерството издава 500 стипендии годишно за млади спортисти до 20 години и работи на реализација на бројни инфраструктурни проекти. Наш приоритет е создавање на услови за нови спортски таленти во Македонија“, подвлече Ристески.

Министерството за спорт, како што нагласи тој, останува посветено на мисијата да го поддржи спортот како важен дел од државниот развој и воспитување на младите генерации.