Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Прославен денот на македонската полиција: Времето на пораките „ќе се средиме“ и „ќе се јавам“ е завршено

Времето на пораките „ќе средиме“ и „ќе се јавам“ е завршено, во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Времето на пораките „ќе средиме“ и „ќе се јавам“ е завршено, во оваа држава веќе нема место за врски, непотизам и заштита од одговрност, законот важи за сите, без разлика дали се работи за обичен граѓанин, функционер или бизнисмен, порача премиерот Христијан Мицкоски на одбележувањето на седми мај, денот на македонската полиција. Според него не смее да се заборави како изгледало секојдневието пред неколку години, кога криминалците се шетаа слободно, државата молчеше, а луѓето жиееја со чувство на немоќ.

-Наша задача е да ги отвориме очите преку професионална, етичка и непоткуплива полиција, полиција која ќе го гони криминалот без оглед на тоа дали стои зад маска, позиција или пари. И токму затоа инвестираме и ќе продолжиме да инвестираме во полицијата, во нашите полициски сили, ќе вложуваме во технологија, обука, опрема, но и во достоинство што ви припаѓа, вашата мисија е света, изјави Мицкоски.

Македонска полиција покажа дека може, Министерството за внатрешни работи повеќе не е затворена институција, туку работи рамо до рамо со граѓаните, порача првиот полицаец Панче Тошковски. Според него, безбедноста не е привилегија, туку темел на едно здраво општество, додавајќи дека македонската полиција ќе продолжи да се менува, расте и подобрува, со цел да стане симбол на редот и правдата.

Реклама

-Случајот „Адитиви“ во кој се пријавени 23 лица е симбол на тоа дека нема недопирливи кога се работи за злоупотреба на државни пари и ресурси. Во координарана акција минатиот декември е разбиена една до најопасните криминални структури чии членови учествувале во повеќе од осум убиства и сериозни закани кон затворски службеници. Во случајот со трагедијата во дискотеката Пулс во Кочани Министерството за внатрешни работи спроведе сеопфатна истрага, поднесени се кривични пријави против 70 сторители, изјави Тошковски.

Директорот на БЈБ Алекснадар Јанев испрати порака до раководните лица во Бирото дека функцијата не им е штит и дека никој не е над законот. Вели најважно е што надлежните почнале најрешителна борба против криминалот и корупцијата.

-Што значи да се биде полицаец, тивкиот херој, онаа личност која стои секогаш меѓу опасноста и граѓанинот, често незабележан, но секогаш присутен во најтешките мигови. И денес кога ја носам одговорноста како директор на БЈБ, ги носам истите вредности, чесност, лојалност, правда. Верувам во идејата дека полицијата е чуварот на државата и дека униформата и значката  што ја носиме е симбол на гордост, чест и одговорност, а не на моќ, изјави Јанев.

На одбележување на денот на полицијата, посебен акцент беше ставен и на трагедијата во дискотеката Пулс во Кочани, во кој МВР по сеопфатна истрага поднесе кривични пријави против седумдесет луѓе, меѓу кои има актуелни и поранешни министри, градоначалници, раководители, полициски службеници.

Матеја Петровски