Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Прилози

Потпишан меморандум: Владата конечно ќе ги догради зградите на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура

По повеќе од деценија застој, Владата ја обновува изградбата на двете недовршени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повеќе од деценија застој, Владата ја обновува изградбата на двете недовршени згради на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – објектите на ФИНКИ и на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје. Изградбата започна во далечната 2015 година, но по смената на власта, владата на СДСМ и ДУИ во 2019-та година ја запре изградбата, оставајќи ги објектите во запуштена и небезбедна состојба.

За продолжување на процесот, потпишан е меморандум за соработка меѓу Владата, УКИМ, Градежниот факултет и Службата за општи и заеднички работи. Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, објасни дека објектите биле оставени како карабини речиси една деценија и дека било потребно време за собирање на целосната, а делумно и застарена, документација. Дополнително, потребни се измени во проектите заради усогласување со новите законски стандарди.

„Прибиравме документација, информации сепак тоа е проект кој е почнат пред 10 години и тоа не беше лесна работа. Заклучивме дека ни е потребна стручна помош за да ги направи сите анализи, и за фактичката состојба на зградите кои 10 години стојат непокриени како карабина“, изјави Весна Јаневска министерката за образование.

Реклама

„Ова ќе значи значително подобрување на квалитетот во кои што работат нашите наставници и студираат нашите студенти“, изјави Биљана Анѓелова, Ректор на УКИМ.

Ангажманот на тимот експерти кои ќе бидат вклучени во сите фази од завршувањето на објектите ќе биде доброволен, без финансиска надокнада, како придонес за студентите и поширокото општество. ФИНКИ, еден од најголемите факултети со над 5.000 студенти, заедно со Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, каде наставата моментално се одвива во несоодветни услови, конечно треба да добијат современи и функционални објекти.

Градежниот факултет ќе формира работна група која ќе изврши теренска проверка, ќе ја ревидира постојната документација и ќе ги дефинира следните чекори за завршување на проектите.

„Најлошо е објкетите да останат во состојба како што се за кои се потрошени сериозни средства, а истите пропаѓаат“, изјави Марковски Горан, деканот на Градежен факултет.

Според првичните пресметки, проектот за ФИНКИ вреди 784 милиони денари, од кои досега се реализирани околу 40%. Кај Факултетот за физичко, од предвидените 432 милиони, реализирани се помалку од 17%. Очекувањата се до крајот на годината да се завршат сите анализи, по што ќе биде распишан нов јавен повик за продолжување на изградбата. По речиси деценија чекање, студентите конечно би можеле да добијат современи услови за студирање – какви што навистина заслужуваат.