Реклама
Македонија

Стефановски: СДСМ се храни со некрофилство и политичко лешинарство, злоупотребувајќи трагедии за ситни поени

Аналитичарот Милан Стефановски во своето гостување во емисијата „За или против“ на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Аналитичарот Милан Стефановски во своето гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија, водена од Љупчо Цветановски, изрази сериозни критики за владеењето на СДСМ. Тој тврди дека партијата има тенденција да се храни со некрофилство и политичко лешинарство, посочувајќи на злоупотребата на трагедијата во Кочани.

„Кочанската трагедија е една од најголемите трагедии и во најмала рака треба да се изрази политичка коректност и сочувство за семејствата на загинатите. Ова е најмало што општеството може да им го даде. Мене не ме чуди СДСМ, тие во својата генеза се хранат со некрофилство и политичко лешинарство“, изјави Стефановски.

Тој додаде дека СДСМ, за да освојат ситни политички поени, ги злоупотребуваат емоциите на луѓето. Според него, кога партијата не успева да се етаблира во јавноста и нема рејтинг, единствениот начин да се појават е со најдолен политички чин – собирање политички поени преку манипулација на трагедии и емоции.

Реклама

„Кога немате рејтинг и идеи како да се етаблирате, ви останува да се обидете да соберете ситни политички поени на сметка на емоциите на луѓето. Тоа говори за нивната срамност, безидејност и ниско ниво на политичка култура. Мене не ме чуди тоа, бидејќи и кога беа на власт, на пример, Филипче како министер за здравство, кога се случи големата трагедија во тетовската болница, не видов дека тоа нешто посебно ги допре. Веројатно се научени така да функционираат“, истакна Стефановски.

Тој заклучи дека граѓаните ги препознаваат ваквите политики, што се одразува и во актуелните анкети.