Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

ЦК на ВМРО ДПМНЕ:Владата е стабилна, очекуваме огромна победа на локалните избори

Владата е стабилна силна и успешна – ова е заклучокот на Централниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата е стабилна силна и успешна – ова е заклучокот на Централниот Комитет на ВМРО ДПМНЕ. На состоанокот на владејачката партија се дискутирало за актуелната политичка ситуација во државата и подготовките за претстојните избори. Од партијата најавија голема и убедлива победа на локалните избори. На седницата констатирано е дека Владата успешно ги исполнува очекувањата на граѓаните, и покрај бројните предизвици и економската катастрофа што беше наследена од претходната власт. Во тек се и испитувањата и мерењата на јавното мислење за кандидатите на ВМРО ДПМНЕ во пресрет на локалните избори кои треба да се случат во октомври најавија од партијата.

„Општ став е дека се вложуваат сите сили Македонија да се стави на брза трка за економски раст и развој. Општинските комитети се силно мотивирани и подготвени за избори, на кои се очекува огромна победа. Истакнав дека Македонија ја очекуваат успеси и добри резултати кои се последица на реформите превземени во изминатиот период, и дека целта е економска стабилност и просперитет на сите граѓани“ вели претседателот на ВМО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

И собранискиот спикер Африм Гаши потврдува дека паралемтарното мнозинство е стабилно, а по прозивките од ДУИ за предвремени парламентарни избори, тој вели дека нема потреба од такво нешто. .

Реклама

“Мнозинството е стабилно, мислам дека треба да се продолжи понатаму да се работи без разлика дали некој ќе влезе, ќе излезе. Мислам, нема да има голема промена во бројот на пратениците. Мнозинството е многу стабилно, веќе околу две третини имаме. Од друга страна, локални избори се наближуваат, но мислам дека не треба да не фаќа така секогаш изборна треска и адреналин дека мора да правиме избори за се. Мора да ги сфатиме локалните избори по природата, какви се и тие во суштина” вели собранискиот спикер, Африм Гаши.

Во меѓувреме преку соопштение  коалициониот партнер во власта, „Вреди“ најавија  голема победа на локалните избори во општините каде живее доминантно албанско население.

„Во октомври, на локалните избори, ВЛЕН ќе победи во сите албански општини! ВЛЕН во секоја општина, во секоја институција, со чисти раце и чисто лице пред граѓаните. Времето на ДУИ заврши! Ветерот на промените започна и никој не може да го запре! ВЛЕН победува, Албанците победуваат!“, стои во соопштението на ВЛЕН.

Инаку, според последната анкета на МКД.мк, повеќе од половина од гласачите кои ќе излезат на наредните избори ќе и дадат поддршка на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, а СДСМ ќе добие речиси 5 пати помалку. 4-те партии од ВРЕДИ би освоиле 13% од гласовите, а ДУИ 12,1%.