Реклама

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Македонија

Ристески: ВМРО-ДПМНЕ останува силен партнер на младите преку конкретни мерки и политики

„На локално ниво, општините предводени од градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ активно вложуваат во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„На локално ниво, општините предводени од градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ активно вложуваат во младиот кадар преку изградба на градинки, реновирање на училишта, стипендирање спортисти и финансиска поддршка за млади брачни парови“, заклучи Ристески.
„Се надевам дека ќе имаме измени и дополнувања кои ќе ги унапредат правата и можностите на младите. Главната цел е нивна поголема вклученост во политичките процеси и донесувањето одлуки што директно ги засегаат“, прецизираше во своето излагање Љупчо Ристески, член на ГК при УМС во вчерашното гостување во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ зборува – УМС“ на тема „Активното учество и вклученоста на младите во политиката“.

Ристески ги истакна заложбите на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ преку низа мерки и проекти насочени токму кон младите.

„Ќе ги издвојам заложбите на нашата Влада, кои се реализираат преку голем број мерки и проекти – дел веќе започнати, дел планирани. Веќе на самиот почеток го формиравме Министерството за спорт – бидејќи спортот најмногу го практикуваат младите. Исто така, во Министерството за труд и социјална политика беше додаден дел за млади и демографија“, истакна Ристески.

Реклама

Тој најави и реактивирање на мерката „Купи куќа“, како и нова иницијатива од Министерството за дигитална трансформација.

„Во план е отпочнување на постапка за доделување ваучери во износ од 250 евра за електронски уреди наменети за студентите“, истакна Ристески.

На локално ниво, Ристески ги истакна активностите на општините управувани од градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ.

„На локално ниво, општините предводени од градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ активно вложуваат во младиот кадар преку изградба на градинки, реновирање на училишта, стипендирање спортисти и финансиска поддршка за млади брачни парови“, заклучи Ристески.