Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Прилози

ЕУ амбасадори: Реформската агенда е одлична основа за брз пат на Македонија кон Европската Унија

Реформската агенда е одлична основа за успешен и брз пат кон Европската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Реформската агенда е одлична основа за успешен и брз пат кон Европската Унија. Документот кој Владата го подготви минатата година е она што Македонија треба да го исполни со цел напредок во евроинтеграциите. Амбасадорката на Шведска Ами Ларсон Џаин, вели дека реофрмите ќе и помогнат на државава да се приближи кон Унијата, а доколку исполнувањето оди според очекувањата, вели Македонија за краток период откако ќе ги отвори преговорите би требало да го заврши целиот процес за полноправно членство.

-Тие реформи навистина ќе и помогнат на земјата како што кажав да ја доближат до Европската Унија. Исто така ќе го зачленат патот за зачленување на вашата земја во ЕУ, пример ако на Шведска и беа потребни четири години да преговара и да ги спроведе сите крупни реформи и да стане членка на ЕУ, со оваа реформска агенда мислам дека на вашата земја ќе и треба многу пократко време, изјави Ларсон Џаин.

Според амбасадарот на Финска Никлас Лидквист клучно нешто со кое мора да се продолжи да работи се реформите, бидејќи покрај напредок кон ЕУ, тоа ќе донесе и добробит за самата држава.

Реклама

-Вие треба да продолжите со процесот на преговори со Европската Унија. Исто така мислам дека од моја страна, мое гледиште она што е најважно се разбира вие може да имате најголема корист од планот за раст на ЕУ, исто така и од реформската агенда, изјави Линдквист.

Поради спорот со Бугарија останува отворено прашање дали Македонија може да влезе во пакетот за членство во Унијата во 2030-та година. Австрискиот амбасадор во земјавата Мартин Памер вели дека временскиот период не е важен за ова прашање, важно е дека државава има поддршка од земјите да стане членка.

-Мислам дека помалку е важно да зборуваме за конкретни датуми, а повеќе е важно да зборуваме за конкретни достигнувања во контекст на реформите кои се барани од вашата земја. Кога зборувам за Австрија и не само Австрија, туку скоро сите земји членки го поддржуваат вашето членство во ЕУ, некои повеќе некои помалку, изјави Памер.

Шведска, Финска и Австрија пред 30 години станаа полноправни членки на ЕУ, а сите се согласни дека тоа довело и економски и политички напредок на сите држави. Заменик евроамбасадорот во Македонија, Бен Напнау очекува и Македонија кога ќе стане членка да го види бенефитот што го имаат сите земји.

-Ова е секако ситуација и со другите држави кои се приклучија на ЕУ и пред нив, а и по нив и сигурен сум дека така ќе биде и за државите кои што ќе се приклучат дополнително, како што е нели Македонија, изјави Напнау.

Во моментов патот на Македонија кон ЕУ е блокиран поради бугарските условувања. Ставот на македонската Влада е јасен, со цел да нема нови уцени во иднина уставните измени да бидат имплементирани кога Македонија ќе го ратификува членството во ЕУ.

Матеја Петровски