Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Прилози

Стевчо Јакимовски осуден на три и пол години затвор поради бесправна изградба на општинскиот објект

Три ипол години казна затвор за градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски, затоа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Три ипол години казна затвор за градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски, затоа што бесправно ја изградил општинската зграда, која судот му ја одзеде. Според скопски Кривичен Јакимовски, без дозвола изградил административен објект на Локалната самоуправа на улица  Радика бр. 9, Барака 1 и 2, за тоа, доби затворска казна од една година.

Предвидената казна за ова дело е од 3 до 8 години затвор, но имајќи ја предвид намената на објектот како и казнената политика на овој суд, судот ја изрече оваа казна. Имено според податоците, во овој суд досега се воделе 17 предмети за истото дело, од кои 8 се завршени со условни санкции. А само во два предмети се изречени затворски казни“, соопштија од Основен кривичен суд.

Јакимовски беше осуден и за злоупотреба на службената положба и овластување, на три години затвор бидејќи само дел од обвинението не е застарено поради измените на КЗ.

Реклама

Заедно со него, за виновен е прогласен и уште еден обвинет, поранешен општински службеник, кој доби условна казна затвор од 2 години.

„Судот го осуди и обвинетиот Т.Ѓ, претходно вработен во Општина Карпош, за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 4 в.в. со став 1 в.в. со член 45 од Кривичниот законик, и му изрече алтернативна мерка условна осуда, така што на овинетиот му утврди казна затвор во траење од 2 – две години и истовремено определи дека истата нема да се изврши доколку обвинетиот за време од 5 – пет години од правосилноста на стори ново кривично дело“, соопштија од Основен кривичен суд.

Пресудата не е правосилна, а Јакимовски има право на жалба до Апелациониот суд. Тој уште на почетокот на процесот изјави дека не се чувствува виновен.

Во образложението на пресудата, судијата посочи дека постапката траела повеќе од шест години без разумно оправдување. По промената на судечкиот совет, процесот започна одново, но со согласност на странките претходно изведените докази беа прочитани, по што предметот беше завршен во прв степен за помалку од една година.

Според обвинителниот акт, Јакимовски го извршил делото бесправно градење како градоначалник, во име на Општина Карпош, без соодветно одобрение, при што поднел барање за легализација дури по истекот на крајниот рок за такви постапки во 2011 година.

Според обвинителството Јакимовски ја злоупотребил својата функција и при легализација на други бесправни објекти, како и при продажба на државно земјиште по пониска цена од пазарната. Со тоа била нанесена штета на буџетот на Општина Карпош од 14,6 милиони денари, а на државниот буџет од над 31 милион денари или вкупно околу 750.000 евра.