Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Прилози

Зелен Балкан: Заедничка визија за чист транспорт

Заеднички, одржлив и зелен транспорт низ целиот регион – со помалку загадување,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заеднички, одржлив и зелен транспорт низ целиот регион – со помалку загадување, подобри железници и повеќе електрични и јавни превозни средства. Ова е главната насока што ја поддржуваат парламентарците од Западен Балкан, кои денеска во Скопје дебатираа за зелена мобилност и заштита на животната средина. Македонија уште еднаш се позиционира како лидер на ова поле.

На настанот во организација на Транспортната заедница, се разговараше како соработката меѓу парламентите може да го забрза овој процес.

„Во моментов се подготвува од Владата еден сериозен план за здрава животна средина кој во моментов почнува да се имплементира. Така да во однос на тоа дали е само на хартија не е само на хартија веќе има некои резултати кај нас. Кога зборуваме за животна средина природата мора да размислуваме регионално и глобално, не можеме само ние да работиме, а да не работат нашите соседи. Бидејќи тој, се прелева, воздухот го дишеме сите“, изјави Велика Стојкова Серафимовска.

Реклама

„Покрај подигнувањето на капацитетите во областа на енергетиката и транспоротт. ГИС поддржува развивање на капацитетие за формирање на такви интерпарламентарни групи, во различни парламенти. Тоа се прави преку едни таканаречени школи, за политичка заедница“, изјави Јасна Секуловиќ од ГИЗ.

Посебен акцент беше ставен на инвестиции во Коридорите 10 и 8, алтернативни горива, јавниот превоз и промоција на пешачење, како дел од здрава урбана мобилност.

„Полначите за електричните возила добро е да бидат поставени низ главната мрежа низ земјите исто така тоа се случува прекуи инвестиции во инфраструктурата тоа е преку еу но исто така за модернизација за подобрување на железничката мрежа и во земјата. Тоа се однесува на коридор 10 и 8“. Треба да внимаваме и на транспортот и превозот во смаите градови. Да се користи јавниот превоз да се велосипеди да се пешачи“, изјави Матеј Закоњшек директор на Постојаниот секретаријат на Транспортната заедница.

Визијата за Западен Балкан не останува само на хартија – таа станува акција. Заедничките заложби за зелен транспорт се повеќе од еколошка иницијатива тие се пат кон посилна економија, поздрава околина и подобар квалитет на живот за сите граѓани.