Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Македонија

ЗНАМ размислува на советничките листи да настапи сама, а за градоначалници да соработува со ВМРО-ДПМНЕ

Движењето Знам размислува да настапи со самостојни советнички листи на претстојните локални…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Движењето Знам размислува да настапи со самостојни советнички листи на претстојните локални избори, а за градоначалници да оди со взаемна поддршка на ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата ја започнува кампањата „Заедно повеќе знаеме“, и во следните 60 дена ќе ги посети сите општини во Македонија и ќе одржи средби со членовите, симпатизерите и граѓаните.

„Целта е директно да се запознаат со проблемите на граѓаните, но и да се слушнат нивните предлози, сугестии и мислења, кои ќе послужат за креирање на програмата за претстојните локални избори,“ рече Никола Мемов од ЗНАМ.

Реклама

По средбите, партијата ќе направи анализа за избор на квалитетни кадри за кандидати за градоначалници и кандидати за советници. Централниот одбор на партијата донел одлука во втората половина на јуни да се одржи втор изборен конгрес, на кој ќе бидат избрани претседател на партијата, како и централен и надзорен одбор со мандат од четири години.