Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Прилози

Реформската агенда 2024-2027 доби поддршка од меѓународните партнери, но со јасни очекувања

Функционални институции, подобро управување и пристап до европски фондови – тоа се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Функционални институции, подобро управување и пристап до европски фондови – тоа се главните придобивки што ги носи реформската агенда 2024-2027. На собраниската комисија за европски прашања пратениците јасно порачаа дека реформите се домашна потреба, а не само чекор кон ЕУ.

Тие не смеат да се гледаат како наметната обврска, туку како сопствена определба за поуспешна, праведна и држава со зацврстување на клучните институции. Поддршката на Меѓународните партнери е присутна, но како што велат, вистинските промени мора да почнат одвнатре.

За претседателот на националниот совет за Евроинтеграции, Венко Филипче Македонија е далеку од вредносниот систем на ЕУ, но не смееме да се откажеме од тој пат.

Реклама

„Сметам дека премногу долго трае нашиот пат кон Европската Унија, сме дале многу жртви, не сме виделе некој многу голем резултат, причините сите ги знаеме, меѓутоа сега се поставува прашањето, треба ли сега да се откажеме. После се имам впечаток дека иако административно можеби сме некако поблиску, некако сме вредносно подалеку од Европската Унија, кога се споредуваме со период од пред повеќе децении и се поставува прашањето што треба да направиме“, изјави Венко Филипче, Претседател на Националниот совет за Евроинтеграции

Претседателот на комисијата за европски прашања, Милошоски порача дека е потребен рационален и избалансиран пристап и дека таму каде што има напредок, потребно е да се пофали, а каде што има застој, да се критикува.

„Во следниот период ќе имаме забележително зголемување, на критики заради критики. Предизборието ќе носи некогаш и повеќе политизација на критиките, наместо нивен квалитет. Но, сепак како пратеници дали доаѓаме од власта или од опозицијата, треба да бидеме критични, оснвано критични, за да ја зголемиме продуктивноста на извршната власт“, изјави Антонио Милошоски, Претседател на комисијата за Европски прашања.

Поддршка стигна и од меѓународните партнери, но со јасни очекувања, повеќе акција, помалку декларации. Граѓаните очекуваат резултати, а парламентот мора да покаже политички консезум и да го води процесот на интеграција, порача амбасадорката Улман, додека амбасадорот на Бен Нупнау го поздрави тоа што Македонија е првата земја што го потпишала договорот за Планот за раст. За поранешниот преговарач на Хрватска со ЕУ, Владимир Дробњак, ЕУ интеграцијата на Македонија е реална и исполнива и проблемите кои ги имаме не се уникатни, но со влезот во ЕУ тие можат да се решат.

Посочи и дека годината 2030 е важна затоа што тогаш се очекува следното големо проширување. Сепак пратениците од дебатата искочија со заедничка порака, дека реформите мора да продолжат, но водени од интересот на македонскиот народ.