Реклама
Македонија

Петок е крајниот рок што си го постави Клиниката за онкологија за да ги набави лековите за болните од рак

Онколошките пациенти и по Велигденските празници останаа без терапија.Раководството на Клиниката си…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Онколошките пациенти и по Велигденските празници останаа без терапија.Раководството на Клиниката си дадоа рок дека до петок лековите ќе бидат достапни во болничката аптека.

Месец и половина нема биолошка терапија за рак на дојка, недостигаат и лекови за меланом и карцином на бели дробови. А се трошат залихите и на таблетарната терапија – алармираат пациентите. Тие прашуваат ќе има ли крај на овие кризни моменти со недостаток на лекови за најтешко болните? Според нив недозволиво е тендерот да доцни поради административни работи. Апелираат до надлежните да се најде итно решение за обезбедување на потребните терапии, за болните да имаат сигурност во нивното лекување.

Навистина веќе немаме ни надеж и многу е безмисленоова што се случува.. посебно кога знаеме дека проблемот е административен, а тука станува збор за живот.Многу битен дел од терапијата недостасува баш онаа биотерапија, имунотерапија таа што се однесува на пациенти која што ја примаат два пати месечно и потребно е во рок да ја примат.Сега гледам дека ќе недостасува и на Анастразол и онаа таблетарна терапија. Се трошат последните залихи тоа што значи до кога да чекаме ние како пациенти?вели Александра Величковска, онколошки пациент.

Реклама

Од Клиниката за онкологија велат дека тимот за јавни набавки напорно работи да ги заврши сите процедури во најбрз можен рок, за да може да се попишат договорите со дистрибутерите и лековите да се достават на клиниката до крајот на неделава.

„Постапката од наша страна е целосно завршена. Управната контрола во Бирото за јавни набавки беше успешно комплетирана за многу кратко време. Во моментов тече рокот за жалби, а предметот е во рацете на Државната комисија за жалби по јавни набавки. Нашата цел е лековите да бидат доставени на Клиниката до крајот на неделата“, информираат од Клиниката за онкологија.

Онколошките пациенти реагираат дека не е исполнето ниту ветувањето во аптека да можат да си ја земаат хормонската терапија за рак на дојка со што малку би се растеретела Клиниката која и понатаму кубури со кадар.

Онкологија е под лупа на јавноста втора година. Почна во септември 2023 година кога пукна аферата со препродажбата на биолошка терапија. Продолжи со истрага на обвинителството и Анкетна Комисија во Собрание која финишираше без официјални заклучоци. Се уште во тек е истрага во обвинителство против петмина вработени на клиниката.