Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Уште 10 осомничени полицајци за пожарот во Кочани, истрагата се шири

Под истрага се сите полициски инспектори, началници и командири кои од 2012…

Сподели:

Под истрага се сите полициски инспектори, началници и командири кои од 2012 година до 2022-ра давале одобрение кочанската дискотека „Пулс“ да добие лиценца за работа од Министерството за економија, соопштија МВР и Јавното обвинителство. Истрагата ги опфаќа дејствијата до 2022-ра, бидејќи последната лиценца што е издадена во 2023, е фалсификат.

Сите се осомничени за кривичните дела тешки дела против општата сигурност и предизвикување општа опасност. Кривичната пријава опфаќа десет луѓе, но тројца од нив веќе се обезбедени со претходните пријави на МВР. Шестмина се обезбедени, а еден е во бество.

Според МВР, неколкумина од нив, потпишувале согласности и ги доставувале до Министерството за економија во однос на лиценцата тврдејќи дека кабарето Пулс исполнува услови од заштита од пожари, стандарди за угостителска дејност и услови за почитување на јавниот ред и мир и сообраќајот. Останатите двајца, пак, иако имало пријави за нарушување на јавен ред и мир, испратиле телеграма до СВР Штип во која не ги навеле пријавите. Сите помогнале, импровизираната дискотека да се стекне со лиценца за вршење на угостителска дејност. Обвинителството за организиран криминал побара од Судот да им се определат мерки на претпазлвост.

Реклама

Осомничените како службени лица вработени во СВР Штип и ПС ОН Кочани, во погоренаведениот временски период, како соизвршители, не постапиле според прописите за мерките за заштита – не извршиле целосна и детална проверка во врска со издавање на позитивна согласност за издавање лиценца за Кабаре „ПУЛС“, во делот на безбедноста во сообраќајот и јавниот ред и мир. Со издавањето на согласностите сите заедно му овозможиле на правното лице да се стекне со лиценца за вршење угостителска дејност, иако истото не ги исполнувало предвидените услови, информираат Обвинителство за организиран криминал.

Според медиумските објави, петмина од уапсените биле началници во штипската, а двајца во кочанската полиција.

Според првичните информации од обвинителството, сите приведени се во полициски станици во Скопје. Тие се осомничени за нивното работење во период од 10 години, од 2012, до 2022 год.

Меѓу седуммината новоосомничени има само еден актуелен полициски началник, но не за извршување на функцијата во време на пожарот туку за постапка пред повеќе години.