Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Одложено судењето за убиствата на Вања и Панче, адвокатот на Палевски не дојде на рочиштето

Судот нема да толерира одложување на рочиштата за двојното убиство на Вања…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Судот нема да толерира одложување на рочиштата за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Судијата Ивица Стефановски кој го води судскиот предмет, ќе му назначи адвокат по службена должност на Љупчо Палевски или кој било друг обвинет доколку бараат пролонгирање на судската расправа. Денешното рочиште се одложи поради отсуство на Јовица Стрешевски кој го брани првообвинетиот. Доставил медицинска докумантација од лекар дека пред два дена добил упат, а на судот му пратил и лекарски извештај од вчера.

  • „Непосредно пред отпочнување на денешната расправа бранителот Јовица Страшевски, до судот достави барање за одлагање на расправата бидејќи бил спречен да присуствува на истата заради здравствени причини за што во прилог достава и медицинска документација“ соопштија од Кривичниот суд.

Судијата Стефановски рече дека ова е прво одлагање и дека судот ќе има разбирање, но нема да дозволи да се повтори, бидејќи се работи за притворски предмет кој е во завршна фаза.

  • „Доколку се случи уште еднаш вакво нешто, ќе поставам бранител по службена должност“, рече судијата Стефановски.

Според досегашната динамика на судењата, расправите требаше да завршат до крајот на месец мај, а веќе во јуни да може да се донесе пресуда, одлагањата на рочиштата од било која причина може да го успорат процесот.

Реклама

Предметот за убиството на Вања и Панче, според бранителот на Боре Видевски, адвокат Бојан Манев, треба да се врати или во фаза на истрага или да се одреди реконструкција со која би се разјасниле многу отворени прашања.

  • „Низ исказите на сите обвинети неминовно произлегува потребата или од реконструкција на настанот или од враќање на предметот во истражна постапка, затоа што ако ги следите исказите, се споменуваат други лица кои што биле учесници во настанот, а не се на обвинителна клупа. Понатаму, се кријат, односно не се изведуваат докази од битно значење“, изјави Манев.

Судот на 23-ти и 28- април планира да заврши сведочењето на Палевски, а потоа како што кажа судијата ќе ги разгледува и анализира исказите на сите обвинети. Има простор и за дополнение на доказна постапка од обвинителството и одбраната, по што ќе следуваат завршни зборови и првостепена пресуда.