Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

Западен Балкан со најголем пад на илегални преминувања на мигранти во ЕУ

Во првите три месеци од годинава, стапката на илегални преминувања на европските…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во првите три месеци од годинава, стапката на илегални преминувања на европските граници е намалена за 30 проценти во споредба со истиот период од 2024 година. Најзначително намалување – од 64 проценти е забележано на миграциските рути што минуваат низ Република Македонија, Србија, Црна Гора и Албанија.

Според соопштението на Европската агенција за гранична и крајбрежна стража – Фронтекс, пад на бројот на илегални преминувања е регистриран на сите главни миграциски рути кои водат кон Европа. Тоа значи дека речиси 33.600 мигранти помалку се обиделе да влезат на територијата на ЕУ во споредба со истиот период лани.

„Иако миграциските движења се под влијание на различни фактори – од временски услови до вооружени конфликти – податоците укажуваат на континуитет на трендот на намалување кој беше присутен и во 2024 година. Тогаш беше забележано опаѓање од 38 отсто во однос на 2023 година“, изјави Џудит Сандерленд од организацијата Хјуман рајтс воч.

Реклама

Оваа организација, како и други групи за човекови права, предупредува дека стратегиите за одвраќање на мигрантите и зголемено затворање на европските граници ги туркаат мигрантите кон поризични маршрути – меѓу кои и преминувањето преку Средоземното Море, пренесува „Гардијан“.

Паралелно со овие трендови, Европската унија продолжува со склучување на билатерални договори за миграција со земји надвор од Европа, како што се Либија и Тунис.