Реклама
Прилози

Македонија треба да се европеизира дома: Зборовите на првиот бугарски дипломат доказ дека Македонија тера правилна надворешна политика

Признанието од Бугарија дека уставните измени не се последниот услов за Македонија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Признанието од Бугарија дека уставните измени не се последниот услов за Македонија е доказ дека власта ја тера вистинската политика на надоврешен план. Според познавачите токму она што е главна амбиција на Владата, односно реформи и европеизирање на домашен план е клучното на што мора да се работи. Универзитетскиот професор Звонимир Јанкуловски вели дека и претходно било јасно дека внесувањето на Бугарите во Уставот, нема да биде единствен услов, односно дека треба да си ја сработиме својата домашна задача.

-Македонија треба да ја европеизираме дома, со оглед дека овој процес нема да тече брзо, генерално нема да тече посебно за Македонија, така што да се фокусираме на она што значи благосостојба и она што значи економски раст во Македонија, па целиот процес кога тогаш се надеваме ќе видиме како ќе се реконфигурира светот после војната во Украина, изјави Јанкуловски.

Актуелната власт има јасни темели на кои сака да го гради европскиот пат. Уставни измени со одложено дејство, односно внесување на Бугарите по ратификацијата на членството во Европската Унија е целта на Владата предводена од Христијан Мицкоски. Според Јанкуловски тоа е вистинскиот план, бидејќи пред се треба да се погледне и расположеноста на ЕУ за проширување, а не како што било претходно кога се прифаќало она што било неприфатливо за државата.

Реклама

-Прифатија она што не е прифатливо за македонските национални интереси, така што изјавата на министерот за надворешни работи доаѓа во период кој повеќе или помалку значи потврда на исправноста на политиките на оваа Влада во надворешната политика. Изјавата на министерот за надворешни работи во основ е реалноста со која се соочуваме подолг временски период, изјави Јанкуловски.

Министерот за надворешни работи на Бугарија порача дека многу е важно да се знае дека уставните измени и внесувањето на Бугарите во Уставот не е единствен услов за Македонија, како и дека Бугарија нема да промени ништо во своето мислење во основ на францускиот предлог кој македонските власти го прифатија во 2022-ра година. 

Матеја Петровски