Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Неселективноста на дело: За првпат во македонската историја актуелен минисетр е испратен зад решетки

За првпат во историјата на Македонија актуелен министер заврши зад решетки и…

Сподели:

За првпат во историјата на Македонија актуелен министер заврши зад решетки и издржува притвор, па засега не постои пракса што ќе се случува понатаму со неговата фотелја и министерство. Министерот без ресор Шабан Салиу е осомничен за период од неговото директорување во Дирекцијата за заштита и спасување, а е поврзано со трагедијата во Кочани. Дел од познавачите коментирааат дека тој нема имунитет, а бидејќи сигурно ќе се повикува на пресумпција на невиност, премиерот може да бара само политичка одговорност. Ниту во Законот за влада нема одредби за ваква ситуација, па според адвокатот Јанаки Митровски ќе следи разрешување и именување на нов министер.

Дел од истрагата во Кочани го опфати и македонскиот амбасадор во Норвешка и Исланд, Дритон Кучи, кој е осомничен како  ексминистер за економија. Тој вчера се врати во земјава и Обвинителството за него побара мерки за претпазливост.  Од Владата се децидни дека сите функционери кои се осомничени за трагедијата во дискотеката Пулс, ќе бидат разрешени откако премиерот ќе се врати од официјалната посета на Емиратите.

Kако Влада сме целосно посветени на темелна истрага и во таа насока, ги разгледуваме сите процедури и механизми кои ни стојат на располагање. Pо враќањето на премиерот од официјалната посета на Обединетите Арапски Емирати, лицата кои се опфатени во истрагата ќе бидат разрешени”, информираат од Влада.

Реклама

Имено, истрагата досега опфати 47 луѓе и три фирми. Меѓу нив се поранешни директори на Дирекцијата за заштита и спасување, пазарната инспекција и тројца поранешни министри. Ооомничени се инспектори на пазарната инспекција и градежни инспектори, како и проектантката што магацинот за лесна индустрија го преименувала во кабаре. Обвинителството за организиран криминал во Скопје води истрага против седуумина полициски службеници од КОчани и Штип и тие се во 30 дневен притвор во Шутка.