Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Премиерот со владина делегација во посета на Обединетите Арапски Емирати: Средба со претседателот, шеикот Мухамед Бин Зајед Ал – Нахјан

Зајакнување на билатералната соработка и разгледување на можностите за инвестиции во инфраструктурата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Зајакнување на билатералната соработка и разгледување на можностите за инвестиции во инфраструктурата – ова е во фокус на состанокот меѓу претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и претседателот на Обединетите арапски емирати, шеикот Мухамед Бин Зајден Ал-Нахјан – на чија покана владина делегација на чело со премиерот отпатува во Емиратите. 

„Во рамки на официјалната посета на Обединетите Арапски Емирати, остварив средба со Претседателот на ОАЕ и владетел на Абу Даби, Н. В. Шеикот Мухамед Бин Зајед Ал-Нахјан, на чија покана се реализира оваа посета. Целта е зајакнување на билатералната соработка и разгледување на можности за инвестиции во инфраструктура, агро-бизнис, обновливи извори на енергија, туризам, иновации и нови технологии“, изјави Христијан Мицкоски, премиерот на Македонија.

Премиерот во Обединетите Арапски Емирати е заедно со министрите за транспорт Николоски и надворешни работи и надворешна трговија Муцунски, а планирани се и средби со голем број потенцијални инвеститори, бизнисмени и сопственици од агро-бизнисот, компании кои работат на обновливи извори на енергија и иновации од современата технологија.

Реклама

Министерот за транспорт објави дека планирани се и повеќе средби со бизнисмени и членови на тамошната бизнис комора и дека македонската влада активно продолжува да работи на воспоставување партнерства и можни инвестиции кои ќе овозможат иновативни проекти во земјава.

„Деновиве сум дел од високата делегација предводена од Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во Обединетите Арапски Емирати каде што се предвидени бројни средби и тематски состаноци. Во рамки на посетата ќе оствариме средба со претседателот на ОАЕ воедно и владетел на Емиратот Абу Даби, Н.В. Шеикот Мухамед Бин Зајед Ал-Нахјан и со Н.В. Шеикот Мохамед бин Рашид Ал Мактум, потпретседател и премиер на ОАЕ, и владетел на Емиратот Дубаи, како и повеќе државни инвестициони фондови на Емиратот Абу Даби и стопански комори“, изјави министерот за транспорт и врски Александар Николовски.

Владата ги проширува активностите во насока на економско поврзување на државата со новите пазари од Блискиот исток. Планирани се повеќе средби на највисоко ниво и со развојниот холдинг на Абу Даби, со државната инвестициска компанија „Мубала“, како и државната енергетска компанија „Масдар“.

Планирани се и средби со неколку стопански комори со цел разгледување на можностите за соработка во инфраструктурни проекти. Покрај премиерот и министрите, како дел од владината делегација се и генералниот секретар на Владата Игор Јанушев и директорот на дирекцијата за технолошко индустриско развојни зони Гоце Димовски, како и националниот координатор за туризам Акан Махмут и претставници на уште неколку државни институции.