Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Палевски пред судот: Не сум монструм, ни убиец, медиумите се багра, во Турција бев да докажам дека Гоце Делчев не го убиле Турците, туку врховистите

Ниту сум монструм, ниту сум убиец, тоа го измислија Олвиер Спасовски, Гаврил…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ниту сум монструм, ниту сум убиец, тоа го измислија Олвиер Спасовски, Гаврил Бубевски и баграта од медиумите, вака Љупчо Палевски, првообвинетиот за убиствата на Панче Жежовски и младата Вања Ѓорчевска, реши да се брани пред судот. Одговарајќи на прашања на својот адвокат Јовица Страшевски, кажа дека немал мотив да го изврши двојото убиство поради изнуда на пари. Во својата конфузна одбрана, Палевски кажа дека го местеле поранешниот министер за внатрешни работи и шефот на скопското обвинителство, а причината според неговите зборови е што имал докази дека Спасовски бил вклучен во криминал вреден 100-тици милиони евра, но и дека имал уште низа други сомнежи за криминали, кои немал можност да ги објави, бидејќи го уапсиле.

-Дали се чувствуваш лично како што те прикажаа на првите прес-конференции на Обвинителство и МВР и по медиумите, дека си монструм и убиец?, упати Страшевски прашање до својот клиент Палевски.

-Ниту едното, ниту другото. Мотивите за таквото однесување, суспендирање на правото на невиност се додека не се докаже вината, пресумцијата на невиност не постои. И тоа бидејќи шефот на скопското Јавно обвинителство, Гаврил Бубевски и Оливер Спасовски се директно одговорни за перењето пари во Македонија. Спасовски дал согласност како министер за внатрешни работи ирански државјанин шверцер со дронови да отвори нерезидентна сметка во НАТО банки на Македонија. Токму таа одговорност и сериозен криминал според износите, депонирани во Македонија и нејзините банки – тоа е сосема доволна причина да се изврши морален атентат на еден човек, кажа Палевски.

Реклама

Според зборовите на Палевски, доколку сакал да изнудува пари, тоа ќе го направел од политички и бизнис моќниќи, бидејќи имал 200.000 снимени разговори, како од нив, така и од новинари.

-Во депото на Обвинителството има хардиск тошиба, каде што има 200 илјади материјали, гнасотии на политичката елита, но и на новинари. И доколку сум сакал да изреализирам пари, сум можел да уценувам милијардери со Ферари, но не сум имал мотив да направам такво злосторство, кажа Палевски.

Палевски имаше и повеќе од чуден исказ. Не бегал од државата, туку решил да одмори меѓу 10 и 12 дена, пред прославата на роденденот на партијата Десна. Поради тоа бил во Белград, каде што се сретнал со свои блиски пријатели. Целта на патувањето во Турција, била да донесе документи со кои би докажал дека Гоце Делчев не го убиле Турците, туку Врховистите.

За Москва не купил, ниту букирал билет, но планирал да оди, а целта била да ги земел новгородските ливчиња од паблишната библиотека и како копија да го донеле најстариот документ на Охридската патријаршија. Вина најде и кај медиумите, кои според неговите зборови биле целосно корумпирани од банкарскиот сектор.

-Сето тоа го пласирал на оваа багра позади стаклото, на корумпираните медиуми. Позади мене сместена е професија која егзистира крајно непрофесионално без ниту еден доказ, кажа Палевски.

Пред судот својот исказ го заврши и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој кажа дека неколку часа по киднапирањето, односно некаде после 13 часот ја испратил првата СМС порака која гласела: „Се што ќе побарате се ќе направиме“, со дополнение дека е од родителите. Тоа било со надеж дека ќе го вклучат мобилниот телефон и пораката веднаш ќе им се појави.

Матеја Петровски