Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Две одвоени рочишта за судскиот процес против градоначалникот Рамиз Мерко, денеска во Струга

Внуката на Рамиз Мерко учествувала во набавката на спорното возило „Ауди А6“…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Внуката на Рамиз Мерко учествувала во набавката на спорното возило „Ауди А6“ вредно 66.000 евра. Таа како член и претседателот на комисијата за јавни набавки, сведочеа дека ова не е прв пат, туку општината од секогаш имала скап возен парк кој морал да се обнови. За нив нема ништо спорно во набавката на луксузното возило, иако Мерко се гони за злоупотреба на службената положба, затоа што набавил 4 службени возила во услови кога општината имала неподмирени долгови и блокирана жиро-сметка. За ова сведочеше и пензионираниот ревизор Лилјана Стојанова.

Предметниот судија очекува до крајот на јуни да има пресуда за спорното ауди.
“При донесувањето на одлуката ќе бидат земени предвид сите искази и сите материјални докази. Неможам да одвојам конкретен за да кажам тој ќе влијае, ниту пак можам да коментирам однапред за тоа што ќе земам предвид при донесување на одлуката” рече судијата Јордан Јованов.
И скандалозното обележје со кое се велича фашистичката окупација на Струга, а 5 месеци беше поставено на влезот од општинската зграда го седна Рамиз Мерко на обвинителна клупа. Сведочеше Маја Митевска, виш инспектор во министерството за култура. При вонредниот инспекциски надзор извршен на 13 март лани било констатирано дека мермерманата плоча која била испишана само на албански јазик не била евидентирана во регистарот на спомен обележја, ниту пак нејзиното поставување било предвидено во програмата за одбележување на значајни личности и спомен обележја за периодот од 2023 до 2028-ма година, која согласно законот се носи со одлука на Совет. Елисавета Кочовска Вељаноска е еден од советниците од ВМРО-ДПМНЕ кои даваат исказ пред судот како подносители на кривичната пријава.
„Содржината на плочата не вознемири нас сите како граѓани бидејќи на неа го пишува периодот кој што го глорифицира фашизмот, кој што е многу сензитивен период, посебно за западниот дел на Македонија. Немаше немири бидејќи ние сме мирољубив народ тука во Струга” – рече Елисавета Кочовска Вељаноска, советник од ВМРО-ДПМНЕ.