
Две скопски средни училишта, изутрината, добиле дојава за поставена бомба, но по брзата интервенција на полицијата, утврдено е дека станува збор за лажна тревога. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека училиштата добиле пораки на електронските адреси, со наводи за поставена експлозивна направа. „Преземени се сите потребни мерки, и по извршените проверки, е утврдено дека станува збор за лажни пријави“, велат од МВР.
