Реклама
Македонија

Рокас: треба фокус на владеење на правото и јавната администрација

Македонија направи многу отстапки за да стане членка на НАТО, но се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија направи многу отстапки за да стане членка на НАТО, но се уште чека за членство во Европската Унија. По Грција, заради која го сменивме името, на патот ни застана и Бугарија која сака да направиме уставни измени. Во меѓувреме, македонските власти инсистираат на завршување на домашната работа и исполување на реформската агенда за Западен Балкан, со која на државата и следуваат 750 милиони евра од Брисел. Евроамбасадорот, Рокас порача дека се потребни реформи особено во делот на владеење на правото и јавната администрација, за што ќе добиеме помош и од Унијата, затоа што во изминатите години речиси ништо не било направено на ова поле.