Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

Уапсен е поранешниот директорот на Државни патишта Ејуп Рустеми за тендер тежок околу 800 илјади евра

Наплаќале 24 – часовно обезбедување на патарини, а работеле само една смена…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Наплаќале 24 – часовно обезбедување на патарини, а работеле само една смена и го оштетиле буџетот во јавното претпријатие Државни патишта за нешто под 800 илјади евра. Полицијата ги уапси поранешниот директор на претпријатието Ејуп Рустеми, Дрилон Зибери раководител на одделение за наплата на патарини и контрола, Ејуп Љатифи помошник директор за одржување на патишта, Џемал Билбиловски сопственик на агенција за обезбедување.

Пред три години газдата на агенцијата за обезбедување добил државен тендер за да ги обезбедува патарините 24 часа но вршел само делумно обезбедување, односно си работеле само прва смена, а наплаќале како за цел ден. Надлежните знаеле, но не контролирале и дозволиле да се оштети буџетот.

Против тогашниот управител на фирмата од Кичево и правното лице е поведена истрага за кривично дело „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство“ од член 275-в од Кривичниот законик, додека за останатите четворица – тогашен директор на претпријатието, еден од потписниците на договорот и двајца надлежни за контрола на реализацијата, се води постапка за кривични дела кои опфаќаат злоупотреба на службена положба и овластување и фалсификување службени исправи, велат од МВР.

Реклама

Обвинителството отвори истрага и побара притвор за првоосомничениот Оттаму велат и дека тогашниот директор на јавното претпријатие иако бил должен да контролира дали договорот е спроведен во целост, го пропуштил должниот надзор. Ниту раководителите на одделението за наплата на патарини и контрола не вршеле контроли.

Двајца осомничени раководители на одделение за наплата на патарини и контрола, исто така имале задолжение да го следат договорот и неговото исполнување, да вршат контрола во извршувањето, одобрување на работни налози за извршување на услугата, испратници, следење на квалитетот на извршените услуги и проверка на доспеаните фактури, како и да изготвуваат извештаи дали договор е целосно реализиран. Таквите контроли не ги вршеле во целост и иако знаеле дека обезбедувањето се извршува само делумно најчесто во прва смена, ги потпишувале  барањата за одобрение за плаќање, велат од ОЈО.

Се чека Кривичниот суд да се произнесе за предлогот на обвинителството за определување мерка притвор за првиот осомничен. За останатите се предложени мерки на претпазливост.