Реклама
Македонија

АХВ и МВР спречија пуштање во промет на повеќе од 40 тони небезбедни сувомеснати производи

По добиено известување од Министерството за внатрешни работи дека во скопската населба…

Сподели:

По добиено известување од Министерството за внатрешни работи дека во скопската населба Маџари, диво работи магацин за храна, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во соработка со полицијата спроведе вонреден инспекциски надзор во див објект каде била складирана храна од животинско и од неживотинско потекло. Во објектот кој служел како магацин за храна, а кој не е регистриран во АХВ како оператор, инспекциските служби на Агенцијата нашле 40.751 килограми небезбедни производи (сувомеснати и кондиторски производи), за кои е издадено решение и кои се нештетно уништени.

Дополнително, во дворот на дивиот магацин, од страна на МВР запленето е превозно средство – комбе, во кое се пронајдени 360 килограми небезбедни сувомеснати и кондиторски производи, кои исто така се нештетно уништени. За расчистување на овој криминал, во рамки на постапката, а со цел прибавување на сите потребни информации, АХВ спроведе контрола и кај увозникот на небезбедните сувомесни производи затекнати во дивиот магацин. Обезбедена е целокупната документација за реализираните увози, како и за следливоста на пратките, за период од последните шест месеци.

Со анализа на документацијата, утврдено е дека дел од производите биле со зголемено количество на фосфати, со лабараториски наоди од замени мостри од пратките кои се увезувале во земјава, а кои биле анализирани во рамки на мониторинг програмата за храна од увоз на АХВ. Пратките со небезбедни сувомеснати производи биле складирани кај дистрибутерот (во дивиот магацин), кој имал законска обврска нештетно да ги уништи, но тоа не го сторил, односно за нив од страна на овластена депонија му била издадена фиктивна потврда за уништување на небезбедните производи.

Реклама

При спроведениот инспекциски надзор во објектите на дистрибутерот, затекнати биле сувомеснати производи во вкупна количина од 40.053 килограми, кои биле ставени под официјален надзор, а подоцна во рамки на постапката и нештетно уништени. За сторен прекршок неусогласеност со барањата за безбедност на храната и за превземените постапки за спречување на ризик по здравјето на потрошувачите, на правното лице кое стопанисувало со дивиот магацин за храна, изречена му е казна од 18 000 евраво денарска противредност. Со 1500 евра во денарска противредност казнето е и одговорното лице на операторот со храна.