Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

Мицкоски: Ги оправдувам протестите, но не и политичките глодари кои гледаат шанса за некој поен

Премиерот Христијан Мицкоски денеска при посетата во Радовиш на новинарско прашање рече…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски денеска при посетата во Радовиш на новинарско прашање рече дека ја разбира потребата од протести, по трагедијата со 59 мртви во Кочани, но дека во позадина, како што рече, тие криеле „политички глодари“.

По завршувањето на седумдневната жалост, за денеска се закажани два протести во Скопје, меѓу кои студентскиот напладне во 13.00 часот и оној во Центар во 19.00 на движењето „Кој е следен“ на плоштадот „Македонија“.

„Сите ние сме незадоволни, и тука не треба да имаме дилема, работите ги решаваме и ќе продолжиме да ги решаваме. Многу работи се решија од оваа влада и за многу работи оваа влада беше браник. Тоа е проблем за политичките глодари кои гледаат шанса за некој поен преку овие протести. Преку ноќ не може ништо да се направи, поразивме неколку мафијашки здруженија, а ќе продолжиме и во периодот кој што ќе следи. Да останеме сите фокусирани и обединети во решавање на проблемите,“ рече Мицкоски.

Реклама

Премиерот додаде дека владата разгледува акционен план со прогласување мораториум, со кој ќе бидат разгледувани лиценци и дозволи, но додаде дека ресурсите и алатките се ограничени.