Реклама
Македонија

Николоски: Одземени 427 лиценци на градежни фирми кои го заобиколувале законот

427 фирми во секторот градежништво ќе останат без лиценца поради неисполнување на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

427 фирми во секторот градежништво ќе останат без лиценца поради неисполнување на законски услови за работа. Најмногу лиценци  ќе бидат одземени во делот на  изведуваачи на градба во Б категорија каде што влегуваат и станбени згради , односно се што не е врвен државен објект. Министерот за транспорт Александар Николоски, во телевизиско интервју посочи дека се проверуваат сите издадени лиценци, кои се над 3000 во Македонија, а анализата ќе биде завршена во вторник кога со име и презиме ќе бидат објавени тие на кои ќе им биде одземена лиценцата. Ќе се испрати и допис до сите засегнати страни кои работат со фирмата за да се знае дека правното лице нема дозвола за работа.

Вкупниот број на издадени лиценци во делот на градба, проектирање, надзор, изработка на детални урбанистички планови е некаде над 3000 лиценци. Скоро сите се прегледани. До денес прегледавме 2810 лиценци, а бројката на одземени лиценци е 427. Тие се однесуваат во делот на градба, надзор, проектирање, изработка на детални урбанистички планови. Најголемата е бројката на изведувачи на градба во Б категорија, рече вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Клучните причини за одземање на лиценците се недостаток на стручен кадар и одредени типови градежни машини. Она што се забележува како шема во функционирањето на компаниите,  е дека до моментот на добивање на лиценцата, фирмите ги исполнувале неопходните услови, но потоа работите се менуваат. Имало случаеви на пријавување вработени, па одјавување на истите откако ќе се добие лиценцата, или пак исто лице фигурирало во повеќе фирми. За да се елиминираат ваквите изигрувања на системот, Николоски најави законски измени со кои ќе има контроли на секои шест месеци, но и одземање на лиценцата веднаш штом ќе биде донесена одлуката

Реклама

Ќе одиме со законски измени со кои ова ќе стане пракса, а не добра волја на министерот и вработените. Клучниот проблем е прашање на менталитетот. За сите овие 427 лиценци кои ние ги одземаме во моментот кога поднесувале документи ги исполнувале сите услови. Тоа е едно изигрување на системот, како што вели народот „Да се снајдам“…….Првиот дел од законските измени ќе ги поднесам веќе во вторник на Влада, ќе биде да е обврска на секој шест месеци да има вакви контроли……. Мојот предлог на измени на закон ќе биде жалбата да не го одлага извршувањето односно лиценцата веднаш се одземе, а после тоа да имаат право да се жалат. Оние кои ќе ја изгубат лиценцата најмалку една година нема да можат да аплицираат повторно, рече Николоски.

Следен чекор кој ќе биде преземен од Владата е да се проверат сите градби и секаде каде што учествувале фирмите кои сега се без лиценца, најави Николоски. Инаку, Владата со засилена акција во сите сектори ги проверува сите издадени лиценци и областувања.