Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Вкупниот број на осомничени за пожарот во Кочани досега е 34 лица

Со завршување на истрагата ќе се разјаснат сите околности и факти за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со завршување на истрагата ќе се разјаснат сите околности и факти за причината за пожарот, кој го предизвикал, начинот на предизвикување и со кое пиротехничко средство, изјави државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.

Коцевски, ова го посочи, одговарајќи на новинарски прашања денеска на прес-конференција на која објави дека за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани е отворена истражна постапка против 27 физички и три правни лица.

Со ова, за пожарот во кој животот го загубија 59 лица, меѓу кои шест деца, вкупниот број на осомничени е 34 физички лица, откако вчера ОЈО отвори истражна постапка против седум полициски службеници од СВР Штип и ПСОН Кочани.

Реклама

Лицата, како што информира Коцевски, се сомничат за кривично дело за кое е предвидена казна од најмалку три години, што значи дека максимумот на казната е 20 години.

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски соопшти дека во врска со несреќата во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани во која животот го загубија 59 лица се работи на итно процесуирање на 14 осомничени.

„Ова е само почеток на истрагата и престои обемна истражна постапка во рамки на која ќе треба да се приберат голем број докази и ќе се превземат истражи дејствија. Ветив дека истрагата ќе биде брза и ефикасна и со тоа апелирам до сите да бидат воздржани и смирени и со тоа да им се даде простор на истражните органи квалитетно да ја завршат истрагата,“ изјави Коцевски.

Прашан дали во истрагата е констатирано дека во објектот се продавале и наркотични супстанци, Коцевски, рече дека во овој момент не може да дава детали.

Во однос на висината на давање и примање поткуп, Коцевски рече дека, тоа ќе биде дел од истражната постапка.

Прашан дали веќе се обезбедени сведоци или соработници на правдата, Коцевски, рече засега и повика сите што имаат евентуално докази да пријават до ОЈО.

„Засега соработник на правдата во овој стадиум на постапката немаме. Меѓутоа апелирам до сите граѓани доколку имаат евентуално некакви докази или биле очевидци на настанот, може да пријават во Јавното обвинителство и да дадат исказ,“ изјави Коцевски.

ОЈО Кочани, претходно денеска донесе наредба за спроведување истражна постапка против 27 физички и три правни лица за кои постои основи на сомнение дека како соизвршители сториле тешки дела против општата сигурност. Сите се обезбедени и ОЈО Кочани бара притвор, со исклучок на три лица кои се хоспитализирани.