Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

„Зошто ми го убивте детето? – Прашајте го Палевски, тој го изврши тоа“, Манев сведочи пред судот за убиствата на Вања и Панче

Само Палевски знае зошто ја уби Вања. Второобвинетиот Велибор Манев на прашањето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Само Палевски знае зошто ја уби Вања. Второобвинетиот Велибор Манев на прашањето на таткото на Вања „зошто ми го убивте детето“ рече дека тоа треба да го прашаат Палевски.

Денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски продолжи со испитување на обвинетиот Велибор Манев.

– Што се случи, зошто ми го убивте детето? – праша Александар Ѓорчевски.

Реклама

– На тоа прашање не можам да одговорам, треба да го прашате Палевски, тој што го изврши тоа – рече Манев.

На прашањето дали девојчето било врзано кога било убиено, Велибор Манев одговори потврдно. Во моментот на убиството, Манев бил на десетина метри.

Кога Палчо ја уби Вања не бев далеку туку на десетина метри. Го видов како го носи перничето и ја пука. Потоа извади нови алати од пикапот и не натера да ископаме дупка и да ја закопаме. Единствено преместување на телото е кога ја стававме во дупката. Ја копавме околу 20 минути, а за тоа време телото на Вања не го мрдавме се додека не ја ставивме внатре. Пред да ја преместиме беше во вреќа, ја извади и фрли во колата на Жежовски. Лопатите ги фрилме попат кога одевме попат кон Глумово со колата на Панче. Лопатата пред ја фрли Палевски ја чистеше. И рачката и металот и ги прскаше со ВД-40 за да се сокријат трагите. Подзастанаа и Кешишев ги фрли алатите во долот, објасни детално обвинетиот.

„По убиството, Палчо заплилил цигара и отворил телефон“. Манев додаде дека тогаш Палевски сфатил што се случува на интернет и колку врева се кренало.

Палевски и Манев се соочија и за убиството на Жежовски. Обвинетиот Манев повтори дека на 23.11.2023 година откако ставиле гориво во возилото на Жежовски, тргнале по единствениот пат кон Башино село и ја потврди рутата до самото место на убиството.

– Според вашето кажување, јас сум пукал во Панче во неговата слепоочница, а на 6.12.2023 година во ОЈО кажувате „не видов точно, бидејќи беше покриен со церадата но најверојатно беше пукан во главата на некои 10 сантиметри“. Како исчезна церадата и како точно тврдите, според извештајот на судска, дека сум пукал во слепоочницата. Каде исчезна церадата? – праша Палевски

 – Церадата беше извадена од земуницата заедно со трупот на Панче. Каде е сега, не знам, како можам да знам – рече Манев.

Расправата продолжи со испитување на Манев од страна на обвинетиот Љупчо Палевски. Според најавеното, по сослушувањето на Манев, треба да сведочи Боре Видевски, Влатко Кешишев, Александар Ѓорчевски и на крај Палевски. Инаку Љупчо Палевски Палчо денеска остана без еден од адвокатите. Марјан Витановски му го откажа полномошното на неговиот клиент. Судијата Ивица Стефановски ја прочита одлуката на адвокатот од Куманово. Останува адвокатот Јовица Страшевски да го брани Љупчо Палевски.