Реклама
Македонија

Мицкоски го посети Кочани и се потпиша во книгата на жалост

Премиерот Христијан Мицкоски денеска го посети Кочани и се потпиша во книгата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски денеска го посети Кочани и се потпиша во книгата на жалост во чест на жртвите од трагичниот пожар. Во овие тешки моменти, Кочани, Македонија и целиот наш народ тагуваат за младите животи што згаснаа прерано, за соништата што останаа неостварени. „Денес, во тишина, со солзи и со почит, се поклонуваме пред жртвите и нивните семејства. Вечна им слава. Нека почиваат во мир,“ напиша премиерот Мицкоски во книгата на жалост.

Посетата беше чин на длабока почит и солидарност со семејствата кои поминуваат низ најтешките моменти. Владата останува посветена на целосно расчистување на трагедијата и поддршка на погодените.