Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Прилози

Додека Србија со месеци се бараа виновниците да одговараат, во Македонија веднаш има апсење

Две трагедии, две потполно различни реакции на властите – Додека Србија со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Две трагедии, две потполно различни реакции на властите – Додека Србија со месеци чека виновниците да одговараат, Македонија одма тргна со апсење – ваква анализиа прави српската телевизија Н1 за трагедијата во Кочани. Медиумот ја нагласува брзата реакција на македонските власти.

„Иако околоностите се различни, заедничкиот именител на овие трагедии е занемарувањето на основните сигурносни мерки и неодговорност на надлежните институции, кои морале да спречат вакви катастрофи. Додека во Македонија набрзо по пожарот следеа апсења и оставки, во Србија реакцијиите на власта по несреќата во Нови Сад беа далеку потивки, речиси и непостоечки. Сигурно деја двете ситуации расветлија сериозни пропусти во системот и укажаа на длабоко вкоренета корупција во двете држави“ анализира медиумот

Потсетуваат на изјавата на министерот Тошковски кој како што велат веднаш призна дека пожарот во дискотеката е последица на корупцијата и обелодени дека дискотеката работела со фалсификувана лиценца.

Реклама

„Од друга страна во Србија надлежните избегнуваа одговорност за трагедијата во Нови Сад, тврдејќи дека реконструкцијата ги опфатила сите осум настрешници  на железничката станица“ заклучува медиумот

Медиумот посочува на оставката на кочанскиот градоначалник Папазов, кој ги повика надлежните институции да истражуваат и постапуваат  доколку постои основ за негова одговорност. За разлика од него потсетуваат дека градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ поднесе оставка скоро три месеци по падот на настрешницата.

Српските медиуми исто така нагласуваат дека македонските институциите не дозволиле трагедијата да помине несанкционирано и дека судот  веднаш постапил по барањето на обвинителството, одредувајќи притвор за неколку лица. Според медиумите во Србија чекорите преземени од македонските институции не само што ја сфаќаат сериозноста на настанот, туку и дејствуваат во согласност со принципите на владеење на правото и одговорноста.

Давид Крстевски