Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Македонија реагираше веднаш на трагедијата, додека српската влада остана пасивна, објавуваат српските медиумите

Македонија ги покажа највисоките стандарди на одговорност и праведност, додека Србија остана…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија ги покажа највисоките стандарди на одговорност и праведност, додека Србија остана со пасивни реакции

Српските медиуми денеска го пренесоа извештајот за трагедијата во Кочани, истакнувајќи ја брзата и решителна реакција на македонските власти, кои не само што ја препознаа сериозноста на настанот, туку и дејствуваа со јасна заложба за правдата и владеењето на правото.

Српските новинари ја нагласуваат и оставката на градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, што претставува исклучок во регионот, каде што, обично, функционерите не преземаат лична одговорност за трагедии. Папазов го оправда својот потег преку социјалните мрежи, посочувајќи дека многу од жртвите ги познавал, а некои семејства се негови блиски пријатели. Тој побара целосна истрага и го повика обвинителството да ја разгледа неговата одговорност, ако постои основ за тоа.

Реклама

Во одговор на трагедијата, Владата на Македонија веднаш изрази сочувство до семејствата на жртвите и најави темелна истрага. Овој сериозен и транспарентен пристап го поставува Македонија како пример за одговорност во регионот, каде што слични трагедии често не водат до оставки или санкции. Македонија, за разлика од многу други земји, докажа дека правдата и одговорноста се приоритет, со што покажа силна институционална ефикасност и морална обврска за постапување согласно со законот.