Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Венко Филипче еден и единствен: СДСМ ќе бира претседател, актуелниот нема ниту еден ривал

Венко еден и единствен. СДСМ ќе бира претседател на партијата, а изборот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Венко еден и единствен. СДСМ ќе бира претседател на партијата, а изборот е сведен само на Филипче и никој друг. За разлика од пред неколку месеци кога во трката беа четворица кандидати за париски лидер, сега е само еден. Според Филипче тоа било доказ дека партијата се консолидира.

-Тоа е одраз на консолидацијата на партиското членство, на која што јас интензивно работев изминатите девет месеци. Веќе се пријавени поголем број на гласачи, се регистрираа за гласање отколку во претходниот циклус, изјави Филипче.

За познавачите пак ситуацијата е поинаква. Наместо консолидација, во СДСМ гледаат безидејност и можност за уште поголеми поделби.  СДСМ на последните парламентарни избори го доживеа најголемиот дебакл во своето постоење, не освоија ниту 20 пратеници. За само неколку месеци се локалните, а според политичкиот аналитичар Александар Ристевски, социјалдемократите немаат основа да очекуваат подобар резултат. И тоа ќе биде според него повод за подлабоки поделби.

Реклама

-Можеби е предзнак и на тоа дека целосно е колабирана партијата и падната на колена. Ако земеме во предвид дека само пред нецела година дена вкупно тие освоија вкупно ако земеме како политичка партија само 15 пратеници и знаејќи дека ништо не се подобрило во изминатиот период, а гледаме дека бројни луѓе од нивните структури или се оградуваат од нив или пак се пред органите на прогон, изјави Ристевски.

Ристевски не ја исклучва можност за нов лидер на партијата по локалните избори

-Ова е интересно земајќи во предвид дека имаме избори за неколку месеци, веќе оваа есен и тогаш ќе видиме дали воопшто таа претседателска условно речено стабилна титула како претседател, ќе остане за четири години или пак ќе биде основа за рушење на таа структура и можеби да почнат од ново, изјави Ристевски.

Филипче победи  на претходните внатрепартиски избори, во една крајно поделена партиска структура. Неговите против кандидати  Јован Деспотовски, Славјанка Петровска и Александар Бајдевски реагираа на изборот, обвинувајќи за влијание  на Заев.

Матеја Петровски