Над сто милиони денари годинава ќе се инвестираат во набавка на нова медицинска опрема во штипската Клиничка болница. Предвиденo е да се набават апарати за оделите за Анестезија и интензивно лекување, Интерна медицина и Патологија.
„Во процедура е набавка на апарати. Чекаме одобрение, за да можеме да распишеме јавна набавка за апарат за испитување на остеопороза. Имаме и голема набавка на апарати со што Анестезија и интензивно лекување ќе биде затворен, со што тоа се апаратите за операција, респиратори, транспортни респиратори и други апарати кои се планирани за оваа година„ изјави д-р Влатко Захариев, директор на КБ-Штип.
Изградбата на новата болница и понатаму останува преиоритет, објаснува Захариев, кој најави формирање на Ургентен центар, но и преадаптација на модуларната болница. За да се подобрат условие за лекување, но и да се намалат турканиците објектот кој беше изграден во време на корона пандемијата ќе се преанамени во дневни амбуланти, каде ќе се вршат прегледи на пациенти со „Мој теремин„.

„Во моментот сме во преговори со градоначалникот Јорданов и локалната самоуправа да се отвори уште еден пристап за пациентите кај модуларната болница. Во скоро време ќе се почне и процедурата за адаптација на Ургентен центар„ изјави д-р Влатко Захариев, дир.на КБ-Штип.
Освен набавка на нови медицинските апарати, за оваа година се предвидени и неколку реконструктивни зафати на веќе постоечките објекти во кругот на болницата. Ке се реконструира кровната конструкција на Инфективното одделение, како и соблекувалните и амбулантите на Физикална терапија.
Александра Ристевска
