Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Судот и Обвинителството се врзаа во чвор за притворот на Јахоски

Судот и Обвинителството се заплеткуваат за притворот на Асмир Јахоски. Кој каков…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Судот и Обвинителството се заплеткуваат за притворот на Асмир Јахоски. Кој каков предлог дал, кој побарал домашен наместо ефективен притвор и дали обвинителката Катерина Коларевиќ се согласила, па потоа се предомислила за куќниот притвор на газдата на Пуцко петрол се е уште е нејсано. Откако јавноста бурно реагираше, Обвинителството за организиран криминал ја обжали одлуката на судијката Сандра Крстиќ за куќниот притвор на Јахоски иако пред два дена обвинителката се согласила со одлуката на судијката.

Незадоволно од ваквата одлука Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во законски утврдениот рок до Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје поднесе жалба поради суштествена повреда на одредбите од кривичната постапка и побара Кривичниот совет да ги преиспита фактите содржани во жалбата, како и решавачките факти врз основа на кои е донесено обжаленото Решение, информираа од Обвинителство за организиран криминал.

Претходно, од истотото Обвинителство соопштија дека судијката на претходна постапка не го прифатила предлогот за ефективен притвор на Асмир Јахоски. Судијката ценела дека Јахоски е татко на 4 деца, имал фирма со многу вработени и цврсти врски со државата.

Реклама

За едно лице осомничено за кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело предлогот на обвинителството за определување на мерка притвор не е прифатен и е определена мерка куќен притвор, информираа од Обвинителство за организиран криминал на 12.03.2025

Од судот пак со друга приказна. Тие на денот на акцијата соопштија дека обвинителката се согласила за промена на мерката, па тука судијката наместо во Шутка го пратила Јахоски дома.

Во однос на осомничениот А.Ј., по произнесување на осомничениот пред судија на претходна постапка Јавниот обвинител се согласи за  промена на  предлогот за определување мерка притвор со предлог за определување на мерка куќен притвор, што беше прифатено од Судијата на претходна постапка, информираа од Кривичниот суд на 11.03.2025.

Инаку, газдата на Пуцко Петрол заедно со уште 13 луѓе меѓу кои екс директорот на ЕСМ Васко Ковачевски и бизнисменот Ратко Капушевски се сомничат дека испумпале нешто над 160 милиони евра државни пари, а притоа набавувале штетно гориво со кое го загадувале воздухот. Само Јахоски е во куќен притвор. На тројца, судот им одреди ефективен притвор, а на останатите седуммина им ги одзема пасошите.