Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

ОЈО ГОКК соопштија зошто не поднеле жалба: Јахоски бил старател на четири деца, имал оформени цврсти врски со државата, свој бизнис и нарушено здравје

Обвинителството кое го води човекот над чија глава седеше братот на Али…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Обвинителството кое го води човекот над чија глава седеше братот на Али Ахмети се согласи Асмир Јахоски да не оди во Шутка. Иако станува збор за сомжени за криминал со мазут од речиси 170 милиони евра, Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција решило да се согласи, наместо во затворски, сопственикот Пуцко Петрол да оди во куќен притвор.

Она што фрла сомнежи дека политиката вмешала прсти во ваквото сценарио е што прв обвинител за гонење организиран кримнал е Ислам Абази од Мала Речица, сосед на лидерот на ДУИ, партија од која пратеник е Исмаил Јахоски, таткото на Асмир.

-Во однос на осомничениот А.Ј., по произнесување на осомничениот пред судија на претходна постапка Јавниот обвинител се согласи за  промена на  предлогот за определување мерка притвор со предлог за определување на мерка куќен притвор, што беше прифатено од Судијата на претходна постапка, соопштија од Кривиче.

Реклама

Од Обвинителството за организиран криминал објаснуваат зошто не се жалеле на одлуката на Кривичен. Јахоски бил старател на четири деца, имал оформени врски со државата и имал свој бизнис.

-Судијата на претходна постапка при донесување на одлуката ги имал предвид околностите истакнати во предлогот на обвинителството, но во исто време ги имал предвид и субјективните околности што се на страна на осомничениот, односно дека истиот е старател на неговите четири деца, од кои три се малолетни, дека има оформени цврсти врски со државата и сопствена фирма со повеќе вработени, како и дека неговата здравствена состојба е нарушена за што доставил документација, соопштија од ОЈО ГОКК.

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека е шокиран од информациите за притисоците околу овој случај кој ја разгневни јавноста, а кои почнале пред два дена кога се открило за акцијата на Министерството за внатрешни работи и бирото за јавна безбедност.

-За мене алармантни инфорамциите кои што се алармантни кои што ги добивам, кои што се поврзани со прв човек на едно Обвинителство кога слушнал за акцијата. Навистина сум шокиран како се однесувал тој човек и како продолжува да се однесува. На нив не им е местото таму, ако сакаат да бидат дворско партиски, тогаш нивното место не е во Обвинителството, е во оние големи хациенди кои што се изградени во Западна Македонија, вели Мицкоски.

Мицкоски порача дека ќе мора да одговараат сите кои што се богателе со милиони евра на грбот на македонските граѓани, користејќи недозволиви материи со кои го загрозувале живтотот и го загрозувале уставно загарантираното право на живот.

За овој случај во Шукта завршија сопственикот на компанија РКМ, Ратко Капушевски, неговиот партнер Ерџан Сулковски и поранешниот секторски директор во ЕСМ Ардијан Муча. Притвор побаран беше и за поранешниот директор на македонските Електрани Васко Ковачевски, но тој е во бегство од државата, па одлука по барањето ќе биде донесено кога ќе биде достапен за органите.

Матеја Петровски