Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Дали Ислам Абази вршел притисок Асмир Јахоски наместо во Шутка да заврши во куќен притвор?

Обвинителството кое го води човекот над чија глава седеше братот на Али…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Обвинителството кое го води човекот над чија глава седеше братот на Али Ахмети се согласи Асмир Јахоски да не оди во Шутка. Иако станува збор за сомжени за криминал со мазут од речиси 170 милиони евра, Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција решило да се согласи, да го промени своето барање и наместо во затворски, да предложи куќен притвор за сопственикот на Пуцко Петрол.

Она што фрла сомнежи дека политиката вмешала прсти во ваквото сценарио е што прв обвинител за гонење организиран кримнал е Ислам Абази од Мала Речица, сосед на лидерот на ДУИ, партија од која пратеник е Исмаил Јахоски, таткото на Асмир.

-Во однос на осомничениот А.Ј., по произнесување на осомничениот пред судија на претходна постапка Јавниот обвинител се согласи за  промена на  предлогот за определување мерка притвор со предлог за определување на мерка куќен притвор, што беше прифатено од Судијата на претходна постапка, велат од Кривичен.

Реклама

Од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција утринава кажаа дека за краток период ќе имало одговор околу причините зошто за Јахоски била предложена поблага мерка, но иако поминаа часови одговор нема. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека е шокиран од информациите за притисоците околу овој случај кој ја разгневни јавноста, а кои почнале пред два дена кога се открило за акцијата на Министерството за внатрешни работи и бирото за јавна безбедност.

-За мене алармантни инфорамциите кои што се алармантни кои што ги добивам, кои што се поврзани со прв човек на едно Обвинителство кога слушнал за акцијата. Навистина сум шокиран како се однесувал тој човек и како продолжува да се однесува. На нив не им е местото таму, ако сакаат да бидат дворско партиски, тогаш нивното место не е во Обвинителството, е во оние големи хациенди кои што се изградени во Западна Македонија, изјави Мицкоски.

Мицкоски порача дека ќе мора да одговараат сите кои што се богателе со милиони евра на грбот на македонските граѓани, користејќи недозволиви материи со кои го загрозувале живтотот и го загрозувале уставно загарантираното право на живот.

За овој случај во Шукта завршија сопственикот на компанија РКМ, Ратко Капушевски, неговиот партнер Ерџан Сулковски и поранешниот секторски директор во ЕСМ Ардијан Муча. Притвор побаран беше и за поранешниот директор на македонските Електрани Васко Ковачевски, но тој е во бегство од државата, па одлука по барањето ќе биде донесено кога ќе биде достапен за органите.

Матеја Петровски