Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

УЈП: На 17 март завршува рокот за поднесување образец ДЛД-ДБ и образец Б

Управата за јавни приходи денеска ги информираше вршителите на дејности, односно обврзниците…

Сподели:

Управата за јавни приходи денеска ги информираше вршителите на дејности, односно обврзниците регистрирани како трговци поединци, физички лица кои се занимаваат со земјоделска и занаетчиска дејност, како и лицата кои вршат услуги или слободно занимање и кои остваруваат доход од вршење на дејност согласно член 19 од законот за данок на личен доход. Тие беа информирани дека се приближува крајниот рок за поднесување на годишен даночен биланс (образец „ДЛД-ДБ“) и Биланс на приходи и расходи (образец „Б“).

– „Даночниот период за кој се утврдуваат вкупните приходи и вкупните расходи во работењето на даночниот обврзник е една календарска година. Доколку даночниот обврзник вршел самостојна дејност за период пократок од една календарска година, за даночен период се смета периодот од годината во кој обврзникот ја вршел дејноста,“ се додава во соопштението од УЈП.

Обрасците „ДЛД-ДБ“ и „Б“ задолжително се поднесуваат до Управата за јавни приходи по електронски пат преку системот за е-даночни услуги на следниот линк: https://e-ujp.ujp.gov.mk, најдоцна до 17-ти март 2025 година (согласно тоа што 15-ти март е неработен ден). Овие обрасци се поднесуваат за доходот остварен во претходната година, а истите треба да се достават и до Централниот регистар на Р.М.