Од беспоговорни послушници на САД, до нивни најголеми критичари. Пендаровски, Филипче, Ордановски и дел од аналитичарите кои гравитираат околу Бихаќка, не ги интересира државна стртегија или национални интерси, туку фактот дека новата администрација на Трамп им ги секна парит, е а со тоа и поддршката со која во изминативе децении успеваа да победат на избори. Според експертите, најголемата болка им е тоа што Доналд Трамп тргна против Сорос, кој се уште важи за нивен поддржувач.
- „Тие никогаш не биле ниту проамерикански, ниту антиамерикански, нив ги интересирало кој е тој што ќе може да им помогне да дојдат на власт. И тука се најдоа со таа т.н. длабока држава, она ги донесе на власт, они го сменија името и им ги исполнија желбите. И сега кога Трамп тргнува против цело тоа, како што го нарекува мучуриште, нормално е да се анти Трамп, анти американски, и им пречи како го нарекуваше Пендаровски, трансакциски претседател.. Бидејќи они со оваа админситрација ја изгубија поддршката а од друга страна им пречи тоа што ВМРО-ДПМНЕ гради некакви блиски односи со луѓе од врвот на Републиканската партија. Што значи сега работата се сврте.. “ оценува Дарко Јаневски – новинар.
И политичкиот аналитичар Ристевски е на став дека финансииите од УСАИД и новата американска надворешна политика доведе до вакви „изненадувачки“ изјави од Социјал-демократите, кои во периодот наназад постојано укажуваа дека треба да се почитуваат и следат чекорите на нашиот прв стратешки патнер-САД.
- “Тоа се должи на два непобитни факти, едниот е враќањето на Доналд Трамп на претседателската функција и второто што мислам дека круцијално и мислам дека најударно и мислам што најмногу ги заболе одредена категорија на граѓани на Македонија е запирањето на чешмичката, на оние средства кои беа импутирани и пласирани и покрај во државата, но во најголема мера беа инвестирани во невладиниот сектор во одредена категорија на медиуми. Навистина ќе биде интересно во периодот кој што претстои, да видиме дали овие политики всушност кои и претходно ги прокламирале стојат зад политиките на САД, или пак стоеле зад политиките кои им се ним идеолошки блиски, или пак ги стимуриле и финансирале“ вели Александар Ристевски – колумнист, политички аналитичар.
Дека блиски луѓе до СДСМ се контра Трамп, освен настапот на Пендаровски покажа и неодамнешната реакција на аналитичарот Сашо Ордановски кој претседателот на Америка го опиша како релативно лошо образован човек и исклучително нарцисоидна личност со мали културолошки познавања и неонацистичка реторика.
