Реклама

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Прилози

Мир во Украина, стоп за миграција, финансиска соработка – главни пораки од самитот Македонија-Унгарија

Потребен е брз мир и крај на руско украинската војна. Премиерот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Потребен е брз мир и крај на руско украинската војна. Премиерот на Унгарија Виктор Орбан ги поддржува преговорите меѓу САД и Русија и сакаат успешен исход – ова била една од темите на која разговарале со македонскиот премиер Христијан Мицкоски на дводневниот меѓувладиниот самит во Будимпешта. Орбан беше дециден дека членките на ЕУ се одговорни затоа што Македонија се уште ги нема отпочнато преговорите, а уште еднаш беше потврдено дека Будимпешта не поддржува во еворинтегративниот процес. Големо внимание било посветено на прашањето на миграцијата, а Унгарија и е благодарна на Македонија, бидејќи како што рече, чувајќи ја својата граница, им помага и на нив.

Меѓувладиниот самит и седницата отворија можности за размена на искуства и знаење од унгарските колеги. По примерот на Акцискиот план кој се потпиша помеѓу првите дипломати на двете земји, Муцунски и Сијарто, договорена е соработка помеѓу МВР и Одбрана, а веќе се работи и на потпишување мешувладина економска соработка.

Трговската размена меѓу двете земји е за седум пати зголемена.унгарскиот премиер предложи дури Македонија Србија и Унгарија да бидат една заедничка зона, соработка од која може да се очекува огромен потенцијал, но проблем според него е тоа што Македонија и Србија не се дел од ЕУ.

Реклама

Меѓувладиниот самит во унгарската престолнина ја реафирмираше 3 децениската соработка помеѓу двете држави. Мицкоски со Орбан на тет-а-тет средбата дебатирале за клучни прашања од заемен интерес, зајакнување на економската соработка, инвестициите, енергетиката, инфраструктурата и европската перспектива на Македонија. Во истоверме, министрите од македонската делегација остварија билатерални состаноци со нивните ресорни колеги од Унгарија.