Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Истражување: Над 60 отсто граѓани поддржуваат пристап кон ЕУ

Мнозинството граѓани сакаат да ја видат Македонија во ЕУ. Поддршката за пристапување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мнозинството граѓани сакаат да ја видат Македонија во ЕУ. Поддршката за пристапување кон Европското семејство се задржува на ниво од 62 проценти. Највоздржани се најмладите и највозрасните испитаници, кај кои е констатирана поголема неопределеност. Перцепцијата за влијанието на Соединетите Американски Држави бележи значителен пад кај нашите граѓани – за 20 проценти во споредба со лани – покажуваат наодите од анализата на јавното мислење за македонскиот процес на пристапување кон Европската унија во 2024 врз основа на анкета од октомври до декември минатата година.

Анкетата ја спроведе Институтот за демократија „СОЦИЕТАС ЦИВИЛИС“ – Скопје (ИДСЦС) во соработка со Фондацијата „Конрад Аденауер“-Скопје, кои 11 години ги следат трендовите и перцепцијата на јавноста во однос на европската интеграција.

Резултатите покажуваат дека ЕУ е восприемена како најголем економски партнер, донатор и сојузник на земјата. Расте и перцепцијата на граѓаните дека ЕУ има значајно влијание како надворешен фактор. Прашаани за приоритетите во надворешната политика, граѓаните го ставиле пристапувањето кон ЕУ како прв приоритет којшто би сакале да го видат од владата. Само 20% од граѓаните сметаат дека уставни измени треба да бидат неопходниот чекор за напредок кон ЕУ, а 21% сметаат дека процесот треба да запре…