Реклама

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Македонија

Шуга во основно училште во кумановско: Еден потврден, тројца сомнителни случаи

Еден потврден случај на шуга, а тројца ученици се сомнителни и се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Еден потврден случај на шуга, а тројца ученици се сомнителни и се во изолација во основното училиштето „Кирил и Методиј“ во кумановското село Романовце, соопштија денеска надлежните од училиштето.

Денеска, на терен беа присутни и екипи од Центарот за јавно здравје кои извршија увид. Семејството на едниот ученик доставило потврда од лекар до училиштето. Во изолација е и сестрата на првоодделенецот. Останатите два случаи се сомнителни, директорот усно бил информиран и двата ученика се во изолација. Училиштето презело повеќе мерки меѓу кои и дезинфекција.

„Само за еден случај имаме потврда дека има, а за другите ученици имаме усна информација. Тие деца седат дома. Едната е сестра на ученикот за кој имаме потврда. Тој ученик што е излолиран не доаѓа од петокот, и заедно со семејството се во изолација до 22 февруари. Едната ученичка (трето одделение) е сестра на тој ученик (прво одделение) со потврда е тој изолиран, целата фамилија се во изолација. За останатите само вака усно знаеме дека има нешто, меѓутоа немаме официјална потврда“, изјави директорот на „Кирил и Методиј“, Скендер Рушити.

Реклама

Сите училници и простории се исчистени и дезинфицирани за време на викендот. Денеска епидемиолошката служба достави и дополнителни средства за дезинфекција. Од Центарот за јавно здравје најавија повеќе детали по завршување на увидот.

„Преземавме мерки дезинфекција на училиштето, исчистено е, сите простории се дезинфицирани. Денеска дојде и докторка епидемиолог, разговараме како понатаму да се постапи, кои се советите. Наставата продолжува со нормален тек. Наставничката по биологија одржа час за инфективни болести, децата ги запознаеме со појава на оваа болест. Ние, наставниците редовно си доаѓаат и учениците редовно“, изјави Рушити.

Шугата е заразна болест која бргу се шири, децата често заболуваат преку блиски контакти, а најчесто болеста се шири во целото семејство. Иако, се смета за болест од минатото сепак, се појавува повремено со по неколку случаи на годишно ниво.