Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Вчера казнети 232 возачи, 56 биле без дозвола

Во текот на вчерашните активности на полициските службеници од сите осум сектори…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во текот на вчерашните активности на полициските службеници од сите осум сектори за внатрешни работи при БЈБ на МВР, во рамки на засилените сообраќајни контроли на патиштата низ државава, издадени беа 809 платни налози, додека пак наплатени беа 486 прекршочни платни налози.

Притоа, забележлив е континуитет на актуелниот статистички тренд во поглед на сторените прекршоци согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

„Така и натаму најбројни се случаите на непрописно паркирање (264), и прекршоците по основ на движење со брзина поголема од дозволената (232). Во шест случаи откриени се алкохолизирани возачи, 11 возачи минале на црвено светло, а прекршочни пријави заработиле 18 пешаци. Исто така по основ на неносење сигурносен појас изречени се 46 казни, по основ на недозволено говорење на мобилен телефон при возење – 23 прекршоци, а во 56 случаи откриени се возачи што управувале возила без возачки дозволи“, информира МВР.

Реклама

Од Министерството истакнуваат дека за очекување е дека завршувањето на активностите на кои што Министерството работи изминативе месеци – законските измени што треба да овозможат оперативно функционирање на проектот, односно системот за автоматизирано регистрирање сообраќајни прекршоци, односно за нов дигитализиран и автоматизиран механизам во контролата на сообраќајните правила и прописи – „Безбедна држава“ во многу да допринесе за подигање на нивото на сообраќајна култура и сообраќајна безбедност низ патиштата во државата.

Поставувањето на камерите се очекува да биде завршено во текот на оваа 2025 година, а системот ќе регистрира сообраќајни прекршоци како што се минување на затворен сигнал (црвено светло), возење со брзина поголема од дозволената, непрописно паркирање и друго.