Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Николоски: Градежништвото ќе биде двигател на економскиот раст

Градежништвото посебно нискоградбата ќе помогне во економскиот развој на државата и очекуваме…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градежништвото посебно нискоградбата ќе помогне во економскиот развој на државата и очекуваме Македонија да има најголем раст во регионот оваа година, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

„Ние очекуваме градежништвото да биде главен двигател на економскиот раст, очекуваме оваа година Македонија да е најдобра по раст во целиот регион и тука да помогнеме со инвестициите во градежништвото. Очекуваме да отвориме 67 километри фронт за нови автопатишта на делниците на коридор 8 и 10 д. Ќе се работи на Прилеп-Битола, на Тетово-Гостивар и Гостивар –Букојчани. Исто така до почетокот на летната сезона да пуштиме во употреба автопат од селото Врбјани до Охрид со еден мал исклучок кај селото Ботун. Очекувам да го пуштиме во употреба и вториот дел од експресниот пат Прилеп –Градско, претходоно го пуштивме од Градско до Дреново и имавме една уникатна ситуација која се нема видено во регионот, а тоа е во рок од две недели успеавме да пуштиме три делници и тоа 42 км експресни патишта и 31 км пруга. Јас силно верувам дека градежништвото и делот на нискоградбата ќе помогне во економскиот развој затоа што многу сектори врзува околу себе и тоа е нешто на што ќе работиме во наредниот период“, изјави вицепремиерот Николоски.