Реклама
Свет

Автомобил влета во група луѓе во Минхен, најмалку 15 повредени

Најмалку 15 лица се повредени денеска кога автомобил влета во група луѓе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најмалку 15 лица се повредени денеска кога автомобил влета во група луѓе во Минхен, соопшти полицијата.

Како што се наведува, околу 10:30 возач го забрзал својот автомобил и влетал во демонстранти во Минхен кои се собрале на повик на синдикатот на работниците „Верди“.

Возачот е уапсен и, како што наведува полицијата, не претставува опасност за околината.